Дентал Туризам Γевгелија

Гевгелија е град во југоисточниот дел на Македонија , кој во последните две децении прерасна во атрактивна дестинација за патување и здраствен туризам.

Со високиот квалитет на стоматолошките услуги и поволните цени, Гевгелија стана препознатлив стоматолошки центар во околината и пошироко.

Денес градот брои најмноу стоматолошки ординации по жител на Балканот. Овде насекаде можете да забележите од убаво средени мали приватни ординации до големи стоматолошки поликлиники.

Сите беспрекорно организирани, неизмерно љубезни,едуцирани и стручни, најмодрено опремени користејќи ги најсовремените и најдобрите матријали ги реализираат сите интервенции во областа на општата и специјалистичката стоматологија и фацијалната естетика.

  Услуги:

  • Општа стоматологија,
  • Естетска стоматологија,
  • Детска и превентивна стоматологија,
  • Протетика,
  • Ортодонција,
  • Парадонтологија,
  • Орална,
  • Ласерска, 
  • парадонтална, Хирургија и имплантологија

Со една реченица од наједноставни зафати до вистински „уметнички“ дела.

Местоположбата, инфрастуктурите и медитеранската клима ви овозможуваат пристап до самиот град во секое време. Ова го потврдува и секојдневната посета и навраќање на голем број жители од соседните земји и пошироко. Гевгелија се наоѓа на само 100км од аеродромот Македониjа во Солун, и на 170km од аеродромот во Скопје,  што овозможува брз пристап на сите пациенти од целиот свет.

Освен стоматолошките, градот нуди различни видови на услуги од видот на рехабилицијата, негата и здравјето и многубројни рекреативни занимливости.

На само 3км од градот се наоѓа центар за рехабилитација и физикална терапија, насекаде прочуен со своите лековити, минерални и топли води.

Планината Кожуф со својот најсовремен скијачки центар е погодна за секаков вид на планинска рекреација во текот на целата година, но е отворена и за сите љубители на ловот. Долж нејзините падини се наоѓаат разни планинарски домови и излетнички локалитети, од кои најпознатиот, Смрдлива Вода го добива своето име по самиот извор на сулфурна вода.

Археолошкиот локалит Вардарски Рид сведочи за фактот дека уште од пред нашата ера, Гевгелија бил еден од главните центри на античка Македонија.

За оние пак, кои бараат нешто повеќе, неколкуте казина со сите светски стандарди, разновидните ресторанти, кафе и ноќни барови, дискотеките и другите угостителски објекти ви нудат возбудлив престој и забава. А одморот пак, од долгите ноќи може да го поминете на плажите на Дојранското Езеро, или пак на Егејското море.

Ви преостанува да не посетитe, a ние ќе се погрижиме насмевката да ви биде секојдневие.  


 

Зошто ова е најдобро решение за нашите пионери!

Зошто ова е најдобро решение за нашите пионери!

Шуклев и Николов беа очевидци на уште една случка создадена од истиот проблем на граничниот премин Еренхот на монголско-кинеската граница.

Вчера попладне додека со радост ја дознававме веста дека нашите сепак ќе стигнат до Пекинг, на самиот граничен премин бил застанат конвој од 18 кампери со германско потекло. Од колегијални причини и нашата вродена љубопитност, Шуклев и Николов веднаш ги размениле своите искуства  со нив и дознале дека се работи за проблем идентичен со нивниот.


Тоа што правилото да се има договор со кинеска туристичка агенција и да се обезбеди личен шофер се однесува и на други земји освен нашата, оттргна од мене некои сомнежи и ме натера да го разгледам проблемот без предрасуди.

И така гуглајќи и барајќи низ разни веб страни како Internations и незаменливата Wikipedia, како и агенции кои нудат разни совети и услуги се покажа дека се работи за многу посложена ситуација од колку што изгледа. Пред сè странската возачка дозвола, иако се толерира на некои места, не е признаена во Кина и возењето само со таква исправа се казнува со 14 дена затвор. Од 2003 наваму НР Кина се обидува до го спроведе законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во своите 22 региони, со различен статус, од кои најмалиот брои нешто над 5 милиони жители а најголемиот над 100 милиони жители, додека останатите се движат меѓу овие две цифри. Тоа значи создавање на сообраќајна култура на еден куп луѓе со различни навики и отстранување на голем број нерегуларности. Да се рече дека сообраќајот во кинеските мегаградови е хаотичиен è најмалку што се може. Неправилности како поминување на црвено, навлегување во спротивната лента пред свртување, право на поминување- кој прв стигне, возење по средината на патот итн. се секојдневие. Да не заборавиме и на огромниот број на пешаци, велосипедисти и мотоциклисти кои се раководат по сопствената волја како и на сообраќајните знаци претежно со кинески карактери.

Фотографии од сообраќајот во Кина

Изградбата на нови патишта, за кои кинеската влада дава огромни средства е исто така причина за постојан прекин и застој во сообраќајот. Од друга страна пак, кинескиот автомобилски пазар è најголем на светот со по 17 милиони нови автомобили продадени во последниве години. Тоа значи дека мегаградовите како Пекинг и Шангај речиси секојдневно се будат во смог и гужва.

Гледајќи ги овие податоци и живеејќи на место каде е тешко да се создаде сообраќајна култура на помалку од 2 милиони луѓе и каде увозот на нови и половни возила ( кој во 2019 се движи во просек по 3500 возила месечно) веќе создава разни проблеми, заклучив дека за Шуклев и Николов се најде најдоброто решение. Тоа што на раат ќе ги разгледаат убавините на оваа земја по двенеделното патување низ непознатото им дојде како заслужен одмор. Ова се подразбира и за самото Renault 4 кои би сакале да го видиме повторно низ нашите улици отколку заглавено, можеби засекогаш, во хаотичнaта Кина. 

Автор В. Ѓоргиев        

 

Најнови фотографии од денешниот лет за Пекинг.

 

 ©Gevgelija.biz Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини од оваа страница НЕ е дозволено без согласност од тимот на Gevgelija.biz

   

Read 5501 times

Last modified on Петок, 26/07/2019

Era cosmetics by Elena Risteska

Era cosmetics by Elena Risteska

Go to top