ЈК ТРАВЕЛ - Прва македонска туристичка агенција со комплетна онлајн продажба

ЈК ТРАВЕЛ - Прва македонска туристичка агенција со комплетна онлајн продажба

Интервју со Елизабета Кочева Јосифовска- менаџер за маркетинг и продажба

ЈК Травел  е туристичка агенција која неверојатно брзо се развива, а гаранција за нивниот квалитет се големиот број туристи кои секојдневно ги користат нивните  улоги. Веќе 12 години успешно опстојуваат  на македонскиот пазар и прераснаа во една од  најпознатите и најдобри агенции во Македонија, која  свои канцеларии има во 3 градови.

Од  оваа   година се први и единствени кои воведоа онлајн резервирање  и целосно онлајн плаќање .

 

ЈК Травел е првата агенција во Македонија која овозможува целосно онлајн резервирање  и плаќање на аранжмани за лето од сопствен закуп. Дали мислите дека македонскиот пазар е подготвен за ОНЛАЈН резервации и ОНЛАЈН плаќање ?

 -Светот  одамна го користи  онлајн букирањето кога се во прашање  одморите, авио билетите, изнајмувањето на возила итн….
Со напредокот на интернет едукацијата кај нас и развојот на плаќањата со дебитни или кредитни картички , напреднато е и користењето на онлајн резервациските системи  и луѓето се  почесто се решаваат да си резервираат  сами.
Ние во ЈК Травел подолго време ги следиме овие трендови и мислиме дека македонскиот пазар е подготвен  за овој чекор. Затоа  решивме да лансираме целосно независна платформа за ОНЛАЈН резервации преку која луѓето ќе можат да резервираат, платат, да  добијат договор за патување и ваучер преку својата е-маил адреса.
Вака клиентите ќе имаат можност да ги искористат поволните понуди кои ние  ги нудиме и сами да си резервираат за само неколку минути од своите домови или работни места со што ќе заштедат време и пари .

Оваа година  FIRST MINUTE понудата со попуст до 35%  важи исклучиво за оние кои ОНЛАЈН ќе го резервираат својот одмор како и за лојалните клиенти ( оние кои досега патувале со ЈК Травел и оние кои ќе се приклучат на лојалити програмата).

 

Дали прв пат  ЈК Травел ги нуди своите услуги ОНЛАЈН ?

-НЕ, ние уште пред 4 години лансиравме Б2Б платформа која беше наменета за ОНЛАЈН резервации за партнерските туристички агенции кои ги продаваат нашите аранжмани. Преку оваа платформа веќе имаме продадено повеќе од 10.000 аранжмани.

Исто така во тој период започнавме со “web chat“,  ОНЛАЈН поддршка на нашата веб страна од реални туристички агенти кои одговараат на сите прашања на клиентите.

Пред 3 години започнавме со полунезависна платформа за ОНЛАЈН резервации и плаќање, помогната од нашата ОНЛАЈН поддршка со што активно работевме на промоција на овој начин  на  резервации и плаќање.

 

Онлајн продажбата е она на што се фокусирате  во иднина, меѓутоа достапноста и блискоста до граѓаните  е  она што  секогаш го ставате  на прво место.

-Ние сме свесни дека иднината е во ОНЛАЈН продажбата и не престануваме да инвестираме во софтвер и технологија. Веќе работиме на 2 нови платформи кои ќе ги направат нашите аранжмани подостапни до клиентите.

Тоа се “white label” и “affiliate manager“ платформите кои се  наменети за нашите партнерски агенции, интернет  портали, блогери итн…

Сепак иако инвестираме во технологија ние не ги занемаруваме ни нашите канцеларии ширум Македонија. Во моментот имаме канцеларии во Битола, Скопје и Штип  а оваа година планираме отворање на 3 нови канцеларии се со цел да ги направиме нашите аранжмани уште подостапни за клиентите.

 

 Веќе 12 години успешно работите и опстојувате во Македонија. Познати сте по големата понуда на летни и зимски  аранжмани но и квалитетот кој го нудите како туристичка  агенција

-Нашата агенција е формирана во 2006 година во Битола и од тогаш до денес со напорна и квалитетна работа прераснавме во една од најголемите агенции во Македонија.

Имаме тим од   25 професионални туристички работници  кои во секој момент се подготвени  да го испланираат и организираат патувањето на клиентите. Нашата  цел е луѓето да бидат задоволни од патувањето кое ќе го одберат  и тоа за нив да биде  една незаборавна авантура.

 

 Имате  понуда за  лето 2019  со најголем попуст во Македонија. Голем избр на понуди за  Грција, Албанија, Турција, Египет. Што е најактуелно?

Понудата за лето 2019 е со најголем попуст во Македонија односно до  -35%, а  ЈК Травел во изминатите години веќе  се  докажа со своите квалтетни понуди за  сите  летни дестинации.

Калитеа,  Полихроно, Пефкохори, Ханиоти, Сивири, Фурка, Неа Потидеа, Сарти, Неа  Мармарас, Порто Куфо,  Заинтос, Тасос се само дел од  местата  каде имаме  сместувачки капацитети под  закуп а  ова  лето истите ќе може да ги посетите за  само 49 евра  и тоа за  7 ноќевања.

Најбараната и омилена  дестинација од минатата  година- Јонски брег и оваа  година  останува број еден. Врахос, Канали, Парга, Кастросикиа,  Амудиа, Закинтос и Лефкада сѐ уште ги воодушевуваат туристите со својата уникатност и беспрекорно чистата вода. Токму поради тоа оваа  година го зголемивме бројот на капацитети за  овие  дестинации.

Од  понудата за Лето 2019 на ЈК Травел не изостануваат  ни островите како и аранжманите со чартер  летови за Турција, Египет и Шпанија.

Исто така ова лето во соработка со Финансиското Друштво „ СН Финансии“,  на клиентите им нудиме можност  и за плаќање на рати со туристичкиот кредит.

ЈК ТРАВЕЛ

 

 Покрај  летните аранжмани какви други понуди нуди ЈК Травел?

Ние како  туристичка агенција имаме комплетна понуда и за познатите зимски дестинации како и за спа центрите на Балканот и Европа.

Едни од најпопуларните зимски дестинации се Банско и Боровец во соседна Бугарија каде и за зимување имааме сопствен закуп на соби во хотелите: Зара 4*, Астера 4*, Лаки Банско 5*.

Копаоник, Франција  исто  така ги имаме  како понуда за  љубителите на  зимските спортови.

Не  смееме да  ги заборавиме и  екскурзиите и викенд  патувањата. Кападокија, Санторини, Милано, Венеција се она кое се бара од нашите клиенти а ние секако го нудиме во нашата понуда.

Особено предизвик за нас  се далечните дестинации како Тајланд, Дубаи, Малдиви, Куба, Занзибар, сите оние ексклузивни патувања кои индивидуално ги подготвуваме за  нашите клиенти.

Нашето мото е “Explore the world” па посакувам оваа година што повеќе луѓе да патуваат и уживаат во животот, бидејќи секоја нова дестинација е авантура на која долго се  сеќаваме.

Read 7730 times

Last modified on Понеделник, 04/03/2019

Era cosmetics by Elena Risteska

Era cosmetics by Elena Risteska

Go to top