Во центарот на Гевгелија - Централен апартман
Се што Ви треба за краток одмор и мирно ноќевање на Вашето патување кон Грција можете да го најдете во овој стан од 60 м2 на 2-ри спрат во најпопуларната зграда (Лепа Брена) со голем паркинг во центарот на градот.
Кога ќе се сместите во природно осветлената дневна соба со голем плазма телевизор (со кабелски канали) и брза интернет мрежа, за да се разладите од високите температури може да го користите клима уредот.
Доколку сакате да се освежите од летните горештини на располагање ви стои целосно опремената кујна (со кафе, ладна вода и традиционално слатко за топло добредојде), односно бањата опремена со сите погодности за релаксирање по напорниот пат.
Откако ќе се одморите во пространата спална соба (со голем брачен кревет), можете да прошетате низ центарот на градот каде лесно Ви се достапни сите потребни објекти (супермаркет, кафе-бар, продавница за домаќинство, бутици, пекарница, бурекџилница, слаткарница, ресторани специјализирани за скара, пица и риба) на растојание од 300 метри од апартманот.
Добредојдени сте во секое време.
Претходно најавете го Вашето доаѓање на контакт телефонот (viber и whatssapp) кај домаќинот Благоја за да добиете прецизни упатства за точната локација на централниот апартман.
https://www.gevgelija.biz/mk/component/k2/431/centralen-apartman?jsn_mobilize_preview=1%2C1713561322#sigProId337bf90754
Контакт:
телефон: +389 70 787 141
Адреса:
Маршал Тито 156, Гевгелија 1480
Last modified on Среда, 22/05/2024