Браво за нашите! Шуклев и Николов ќе одат во Пекинг

Браво за нашите! Шуклев и Николов ќе одат во Пекинг

Конечно завршница со среќен крај за Џоко Шуклев и Ѓорѓи Николов.

По речиси дводневна неизвесност се изнајде најсоодветното решение во создаденава ситуација. Тие ќе летаат авионски од Улан Батор, Монголија до Пекинг, Кина.

Големата подготвеност и брзата интервенција на Министерството и амбасадата во Кина нè ги оставија нашите пионери и им понудија да купат авионски карти од Улан Батор до Пекинг за тандемот, за на тој начин сепак да стигнат до Пекинг и нивната мисија да се исполни.

 

Картите се купени од долунаведените донатори по информација од Министерството за надворешни работи. Двајцата беа контактирани синоќа и од министерот за надворешни работи Димитров кој лично се заложи за решавање на оваа непријатна случка. И ете, денес се обезбедија авионски карти. Утре летаат за Пекинг каде ќе бидат пречекани од вработените во Македонската амбасада. Воедно ќе им биде обезбедено и транспорт од аеродромот до Кинескиот Ѕид како и до другите големи знаменитости во оваа земја, која претставува најголем пример и склоп на традиција и иднина. Во сабота се враќаат назад во Улаанбатаар од каде ја продолжуваат нивната авантурата назад до Стојаково.

Голема благодарност за обезбедените карти на почесниот конзул на Република Турција Ајдован Адемоски и на хотелот Double Tree by Hilton, и секако на министерот Никола Димитров и Министерството за надворешни работи за дадената поддршка.


Слики од вчерашната ситуација на монголско-кинеската граница. 

 

Додатни информации поврзани со оваа авантура можете да прочитате на официјалната фан страна на Од Стојаково до Ница со Рено 4!

  


На следниoт линк можете да прочитате повеќе за оваа голема авантура на Шуклев и Николов и нивното патување од Стојаково до Пекинг.

Шуклев и Николов и нивното патување како по(т)сетување на минатото

 

Read 5816 times

Last modified on Петок, 26/07/2019

Era cosmetics by Elena Risteska

Era cosmetics by Elena Risteska

Go to top