Дентал Туризам Γевгелија

Гевгелија е град во југоисточниот дел на Македонија , кој во последните две децении прерасна во атрактивна дестинација за патување и здраствен туризам.

Со високиот квалитет на стоматолошките услуги и поволните цени, Гевгелија стана препознатлив стоматолошки центар во околината и пошироко.

Денес градот брои најмноу стоматолошки ординации по жител на Балканот. Овде насекаде можете да забележите од убаво средени мали приватни ординации до големи стоматолошки поликлиники.

Сите беспрекорно организирани, неизмерно љубезни,едуцирани и стручни, најмодрено опремени користејќи ги најсовремените и најдобрите матријали ги реализираат сите интервенции во областа на општата и специјалистичката стоматологија и фацијалната естетика.

  Услуги:

  • Општа стоматологија,
  • Естетска стоматологија,
  • Детска и превентивна стоматологија,
  • Протетика,
  • Ортодонција,
  • Парадонтологија,
  • Орална,
  • Ласерска, 
  • парадонтална, Хирургија и имплантологија

Со една реченица од наједноставни зафати до вистински „уметнички“ дела.

Местоположбата, инфрастуктурите и медитеранската клима ви овозможуваат пристап до самиот град во секое време. Ова го потврдува и секојдневната посета и навраќање на голем број жители од соседните земји и пошироко. Гевгелија се наоѓа на само 100км од аеродромот Македониjа во Солун, и на 170km од аеродромот во Скопје,  што овозможува брз пристап на сите пациенти од целиот свет.

Освен стоматолошките, градот нуди различни видови на услуги од видот на рехабилицијата, негата и здравјето и многубројни рекреативни занимливости.

На само 3км од градот се наоѓа центар за рехабилитација и физикална терапија, насекаде прочуен со своите лековити, минерални и топли води.

Планината Кожуф со својот најсовремен скијачки центар е погодна за секаков вид на планинска рекреација во текот на целата година, но е отворена и за сите љубители на ловот. Долж нејзините падини се наоѓаат разни планинарски домови и излетнички локалитети, од кои најпознатиот, Смрдлива Вода го добива своето име по самиот извор на сулфурна вода.

Археолошкиот локалит Вардарски Рид сведочи за фактот дека уште од пред нашата ера, Гевгелија бил еден од главните центри на античка Македонија.

За оние пак, кои бараат нешто повеќе, неколкуте казина со сите светски стандарди, разновидните ресторанти, кафе и ноќни барови, дискотеките и другите угостителски објекти ви нудат возбудлив престој и забава. А одморот пак, од долгите ноќи може да го поминете на плажите на Дојранското Езеро, или пак на Егејското море.

Ви преостанува да не посетитe, a ние ќе се погрижиме насмевката да ви биде секојдневие.  


 

Подарок создаден со љубов за посебни моменти

ERA COSMETICS ERA COSMETICS

ERA парфемите користат посебно одбрани состојки присутни во егзотичните зони долж Медитеранот и Блискиот Исток. Нивната комбинација освен што создава хармоничен и долготраен мирис, воедно ги разоткрива и карактерот на полот кој што го користи.

Ера парфемите ви овозможува 20% попуст до 14 март

 "На работа или дома, доставете го вашиот подарок до саканиот/та и создадете пријатно изненадување и ден за памтење"

Анасонот, кој е една од основните состојки на женскиот парфем, во буквален превод значи „нееднаков“, односно билка која се разликува од останатите слични на неа. Свесната употреба на анасонот како составен дел од женскиот парфем ERA ја подржува идејата за различноста и посебноста на секоја жена како и нејзиниот стремеж да стане единствена.


Лимонот пак кој е водечка нота за машкиот парфем, иако се претпоставува дека доаѓа од Кина сеуште има непознато потекло. Познат и потврден е фактот пак дека Кристофер Колумбо го носи во своето патување на Американскиот континент. Преку неговата употреба се доловува мистериозната и авантуристичка карактеристика на машкиот освојувачки дух.


Ваквиот начин на работа и суштинското познавање на состојките кои се користат, ја вклучува ERA во големата традиција на произведувачи на парфеми чија мисла е одгатнување на постоењето на мажот и жената како и нивното привлекување преку едно од петте надворешни сетила.

Era cosmetics - официјално видео

 

Ера парфемите ви овозможува 20% попуст до 14 март.  (Apply coupon: ERALOVE)
Посетете ја официјалната страна на Era cosmetics и нарачајтего вашиот омилен парфем онлајн 
https://era-cosmetics.com/

Контакт

  • Адреса: Видоe Смилевски Бато 35/3-3, 1000 Скопје, РСМ
  • Телефон:+ (389) 70-401-307
  • Email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Read 5393 times

Last modified on Недела, 07/03/2021

Era cosmetics by Elena Risteska

Era cosmetics by Elena Risteska

Go to top