Дентал Туризам Γевгелија

Гевгелија е град во југоисточниот дел на Македонија , кој во последните две децении прерасна во атрактивна дестинација за патување и здраствен туризам.

Со високиот квалитет на стоматолошките услуги и поволните цени, Гевгелија стана препознатлив стоматолошки центар во околината и пошироко.

Денес градот брои најмноу стоматолошки ординации по жител на Балканот. Овде насекаде можете да забележите од убаво средени мали приватни ординации до големи стоматолошки поликлиники.

Сите беспрекорно организирани, неизмерно љубезни,едуцирани и стручни, најмодрено опремени користејќи ги најсовремените и најдобрите матријали ги реализираат сите интервенции во областа на општата и специјалистичката стоматологија и фацијалната естетика.

  Услуги:

  • Општа стоматологија,
  • Естетска стоматологија,
  • Детска и превентивна стоматологија,
  • Протетика,
  • Ортодонција,
  • Парадонтологија,
  • Орална,
  • Ласерска, 
  • парадонтална, Хирургија и имплантологија

Со една реченица од наједноставни зафати до вистински „уметнички“ дела.

Местоположбата, инфрастуктурите и медитеранската клима ви овозможуваат пристап до самиот град во секое време. Ова го потврдува и секојдневната посета и навраќање на голем број жители од соседните земји и пошироко. Гевгелија се наоѓа на само 100км од аеродромот Македониjа во Солун, и на 170km од аеродромот во Скопје,  што овозможува брз пристап на сите пациенти од целиот свет.

Освен стоматолошките, градот нуди различни видови на услуги од видот на рехабилицијата, негата и здравјето и многубројни рекреативни занимливости.

На само 3км од градот се наоѓа центар за рехабилитација и физикална терапија, насекаде прочуен со своите лековити, минерални и топли води.

Планината Кожуф со својот најсовремен скијачки центар е погодна за секаков вид на планинска рекреација во текот на целата година, но е отворена и за сите љубители на ловот. Долж нејзините падини се наоѓаат разни планинарски домови и излетнички локалитети, од кои најпознатиот, Смрдлива Вода го добива своето име по самиот извор на сулфурна вода.

Археолошкиот локалит Вардарски Рид сведочи за фактот дека уште од пред нашата ера, Гевгелија бил еден од главните центри на античка Македонија.

За оние пак, кои бараат нешто повеќе, неколкуте казина со сите светски стандарди, разновидните ресторанти, кафе и ноќни барови, дискотеките и другите угостителски објекти ви нудат возбудлив престој и забава. А одморот пак, од долгите ноќи може да го поминете на плажите на Дојранското Езеро, или пак на Егејското море.

Ви преостанува да не посетитe, a ние ќе се погрижиме насмевката да ви биде секојдневие.  


 

Новата песна на Мартинијан Кириловски - "Змај"

Новата песна на Мартинијан Кириловски - "Змај"

Со големо задоволство ви ја претставуваме новата песна на Мартинијан Кириловски, насловена "Змеј".

Песната е на српски јазик, каде што е позната како "Змај", но наскоро ќе ви ја претставиме и македонската верзија.

Проектот е поддржан од ERA продукција на Елена Ристеска.

Песната "Змеј" за првпат беше изведена на балканскиот фестивал "Бисер Јадрана" во Тиват, Црна Гора, на 29 јуни 2024 година, каде што го освоивме 4-тото место од вкупно 25 песни на фестивалот.

Автори на песната:

  • Текст: Елена Ристеска
  • Композиција: Елена Ристеска и Ненад Тодоровски Todd Haze
  • Аранжман: Ненад Тодоровски Todd Haze
  • Пратечки вокали: Елена Ристеска
  • Продукција на вокал и студио: Иван Петровски Џоки

Останете со нас за повеќе новости и информации за новата македонска верзија на песната "Змеј".

 

Слушајте ја песната на нашата веб страна и споделете ги вашите впечатоци!

 

 

 

 

 

 

Read 1954 times

Last modified on Недела, 14/07/2024

Era cosmetics by Elena Risteska

Era cosmetics by Elena Risteska

Go to top