Дентал Туризам Γевгелија

Гевгелија е град во југоисточниот дел на Македонија , кој во последните две децении прерасна во атрактивна дестинација за патување и здраствен туризам.

Со високиот квалитет на стоматолошките услуги и поволните цени, Гевгелија стана препознатлив стоматолошки центар во околината и пошироко.

Денес градот брои најмноу стоматолошки ординации по жител на Балканот. Овде насекаде можете да забележите од убаво средени мали приватни ординации до големи стоматолошки поликлиники.

Сите беспрекорно организирани, неизмерно љубезни,едуцирани и стручни, најмодрено опремени користејќи ги најсовремените и најдобрите матријали ги реализираат сите интервенции во областа на општата и специјалистичката стоматологија и фацијалната естетика.

  Услуги:

  • Општа стоматологија,
  • Естетска стоматологија,
  • Детска и превентивна стоматологија,
  • Протетика,
  • Ортодонција,
  • Парадонтологија,
  • Орална,
  • Ласерска, 
  • парадонтална, Хирургија и имплантологија

Со една реченица од наједноставни зафати до вистински „уметнички“ дела.

Местоположбата, инфрастуктурите и медитеранската клима ви овозможуваат пристап до самиот град во секое време. Ова го потврдува и секојдневната посета и навраќање на голем број жители од соседните земји и пошироко. Гевгелија се наоѓа на само 100км од аеродромот Македониjа во Солун, и на 170km од аеродромот во Скопје,  што овозможува брз пристап на сите пациенти од целиот свет.

Освен стоматолошките, градот нуди различни видови на услуги од видот на рехабилицијата, негата и здравјето и многубројни рекреативни занимливости.

На само 3км од градот се наоѓа центар за рехабилитација и физикална терапија, насекаде прочуен со своите лековити, минерални и топли води.

Планината Кожуф со својот најсовремен скијачки центар е погодна за секаков вид на планинска рекреација во текот на целата година, но е отворена и за сите љубители на ловот. Долж нејзините падини се наоѓаат разни планинарски домови и излетнички локалитети, од кои најпознатиот, Смрдлива Вода го добива своето име по самиот извор на сулфурна вода.

Археолошкиот локалит Вардарски Рид сведочи за фактот дека уште од пред нашата ера, Гевгелија бил еден од главните центри на античка Македонија.

За оние пак, кои бараат нешто повеќе, неколкуте казина со сите светски стандарди, разновидните ресторанти, кафе и ноќни барови, дискотеките и другите угостителски објекти ви нудат возбудлив престој и забава. А одморот пак, од долгите ноќи може да го поминете на плажите на Дојранското Езеро, или пак на Егејското море.

Ви преостанува да не посетитe, a ние ќе се погрижиме насмевката да ви биде секојдневие.  


 

IQOS караванот на нова локација, во Струмица

IQOS караванот на нова локација, во Струмица

Новата генерација IQOS ILUMA уреди со револуционерната технологија на индукциско загревање, без сечило и без потреба од чистење може да се набават на новата локација на IQOS караванот,

поставен во близина на плоштадот во Струмица, а овој петок  (06.09.2024) ќе биде поставен на влезот на претстојниот фестивал Get EXITed, во градот. Работното време е среда и четврток, од 10 до 22 часот и петок од 17:30 до 00 часот.

На оваа привремена локација, сите полнолетни пушачи ќе можат да се запознаат со IQOS уредите и да дознаат повеќе за нив и за напредната технологија на индукциско загревање, купување додатоци, замена на стар уред за нов, корисничка поддршка и друго.

 

IQOS ILUMA семејството вклучува три модели на уреди, кои се засновани на иста технологија на индукциско загревање. Сите три модели на уреди го загреваат, а не го согоруваат тутунот, со што се намалува нивото и количината на штетни материи во просек и до 95 проценти во споредба со чадот од цигарите. IQOS не е без ризик, создава никотин кој предизвикува зависност, но претствува подобар избор за возрасните пушачи, кои инаку би продолжиле да пушат.

 

Освен во Струмица, овој уред е достапен и кај продажните партнери во повеќе градови во земјата. Во главниот град Скопје има два IQOS бутика во трговските центри Ист Гејт Мол и Дајмонд Мол и IQOS зони моментно сместени во трговските центри Скопје Сити Мол и Капитол Мол, Веро Тафталиџе и Палма Мол во Тетово. Покрај тоа, овој производ може да се купи и онлајн преку IQOS веб-страницата.

Read 115 times

Last modified on Четврток, 05/09/2024

Era cosmetics by Elena Risteska

Era cosmetics by Elena Risteska

Go to top