Култура (5)
ВО БИТОЛА ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА НА СКУЛПТУРИ „ЗА ПОСЛУШНОСТА“
На 20 јули 2024 во просториите на Друштвото на ликовни уметници од Битола беше отворена ликовната изложба „За Послушноста“ на авторот Перо Кованцалиев. Изложбата ја составуваат дваесетина минијатурни акумулации од ушни школки со асоцијативни форми изведени во бронза, алуминиум и полиестер.
Изложбата ја отвори претседателот на ДЛУБ, Васко Ѓоргиев кој меѓу другото рече дека авторот за своите дела симболично го зема увото како основен елемент. Послушноста е врската која балансира помеѓу редот и хаосот, помеѓу страстите и рационалноста. Со оваа изложба авторот го разгледува она човеково однесување на кое се должи формирањето на секое негово групирање без кое не би преживеела ниедна социјална структура.
Исто така на отворањето присуствуваше и се обрати проф. д-р Васко Шутаров познат колумнист, дипломат и универзитетски професор. Современиот македонски скулптор м-р Перо Кованцалиев, преку композициите од акумулирани ушни школки, поставени во различни формации од концептот „За Послушноста“, е во потрага по изгубениот јавен наратив за рамнотежата помеѓу послушноста и непослушноста, во потрага по тој толку потребен баланс и премин низ кој послушноста се облагородува во творечка самодисциплина, а непослушноста во слобода на мислата и креативниот чин.
Перо Кованцалиев е мултидисциплинарен уметник чие творештво е насочено да потикнува промени за одржлив развој. Работи низ скулптура, ликовната инсталација, кинетика, видео и фотографија, сликарство и експерименталниот цртеж.
Има реализирано над десетина самостојни изложби и учествувано на многубројни групни изложби. Дипломирал и магистрирал на факултет за ликовни уметности во Скопје. Работи како самостоен ликовен исто така работи и во областа на маркетингот и заштита на културното наследство.
Изложбата ќе биде отворена до 4 август.
ГАЛЕРИЈА
https://www.gevgelija.biz/mk/%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BC/%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D0%BB-%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BC/content/kultura?jsn_mobilize_preview=1%2F%2F%2F#sigProIdbb13307f61
Solak & Massetti exhibition, ,,Storytelling,, 13th january 2020 Macedonian Cultural center Istanbul
На 13ти јануари 2020 година во македонскиот културен центар во Истанбул со заедничка изложба се претставуваат Љубица Мешкова Солак и Мирјана Крстева Массетти.
Изложбата е сублимат од фонични размисли на двете уметници и е насловена ,,Приказни,, или ,,Storytelling,,. Истакнатата историчарка на уметноста Исијанин во својот текст ,,Таа е алтер его,, меѓудругото ќе напише:
,, Дали треба да се раскажува приказната?...
ТАА Е ЗНАКОТ
архетип,,
М-р Мирјана Крстева Массетти дипломирала на Академијата за ликовна уметност во Благоевград, Бугарија, во класата на проф. Борислав Стоев, 2001 година. Член е на ДЛУМ од 2010 година. Mагистерски студии на ФЛУ- сликарство, во класата на проф. Благоја Маневски, 2018 година.
Автор е на 27 самостојни изложби и 90 групни претставувања во земјата и странство. од кои се издвојуваат оние во Париз и во ЊуЈорк.
Љубица Мешкова-Солак дипломирала на отсекот графика со конзервација и реставрација на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Живее и твори во Битола. Има остварено голем број самостојни изложби низ Македонија, но и во Берлин и Париз, а во соработка со британскиот моден бренд Хакет изложува во Дубаи, Катар, Кувајт, Бахреин.
Изложбата ,,Приказни“ ќе ја отвори директорот на Македонскиот културен центар во Истанбул, господинот Рамадан Рамадани
"Ирационални бранови" - Изложба на мултимедијалниот уметник м-р Перо Кованцалиев
Петок 20.12.2019 во галерискиот простор при културниот центар Пионерски дом во Гевгелија, ликовниот уметникот м-р Перо Кованцалиев ќе го претстави своето ново истражување во скулптурата односно кинетичката уметност.
Слободан Милошески со изложба на скулптури насловена „Рефлексија на диферентни модулации“- изложба на скулптури
Скулпторот Слободан Милошески со изложба на скулптури насловена "Рефлексија на диферентни модулации“ вечерва во пионерскиот дом Гевгелија
Слободан Милошески користи геометриски цврсти материи во скулптурата, но крајниот импакт не е тврд или статичен. Всушност, кога ги гледате неговите скулптури од неколку агли тие не одаваат впечаток на совршена поставеност, туку се “потпираат“, “навалуваат“ и “искривуваат“ во неочекувани позиции. Ваквата “конструкција“ на овие скулптури има дава човечки аспект и духовна страна. Покрај нив се добива чувство на вибративно движење и тактилност која доаѓа од нагласените прави линии и мрежи во повеќето минималистички дела. Очигледано дека уметникот Милошески ја реализирал неговата основна замисла делото да биде “спроводник за духовни работи“ и како целта да му е „скулптурата да биде на работ од соништата“.
Од друга страна, Милошески ја брани идејата дека уметноста е чисто објективна и владеат закони кои ја третираат уметноста не како чин на имагинација, туку чин на набљудување, перцепција и манипулација со формата. Во контекст на оваа филозофија неговото разбирање на скулптурата е чисто субјективно, но управувано со закони кои владеат во релацијата маса-простор. Аксиомите кои се нагласени во неговата уметничка постава акцентираат идеја дека скулптурата е “покажување на точност“ и “игра на закони во простор“. Од овие премиси се развива неговата лична теорија за геометрија базирана на рационална естетика во рамките на “интуитивна уметност“ која побарува апсолутна математичка ригорозност каде што ништо не треба да се додава, ниту да се отстрани. Чувство на целосна точност.
Слободан Милошески работи методички низ концентрирана перцепција и манипулација со формата. Најпрво започнува со форми кои се произволни и низ процес на трансцендентална имагинација је дефинира формата како крајна дестинација. Бојата е секундарна, се користи за истакнување на интензитетот на формата. Завршниот впечаток се комплетира со диригиран веризам, необична текстура, профилиран материјал и неочекувана трансформација на идеалната форма.
Проф. Др Џемил Бектовиќ
Самостојна изложба на Мирјана Крстева Массетти
Во организација на Дом на култура ,,Македонија" - Гевгелија денес 5ти ноември ќе се отвори самостојна изложба на м-р по уметности Мирјана Крстева Массетти насловена ,,Катарзична исповед" во уметничка галерија Амам - Гевгелија со почеток од 19:00 часот.
М-р Мирјана Крстева Массетти,
Е родена 1979 година во Скопје. Дипломирала на Академијата за ликовна уметност во Благоевград, Бугарија, во класата на проф. Борислав Стоев, 2001 година. Основач и член на Мултимедиа Центар од Гевгелија и член на Друштвото на ликовни уметници на Гевгелија. Член е на ДЛУБ од 2014 година и член е на ДЛУМ од 2010 година. Mагистерски студии на ФЛУ- сликарство, во класата на проф. Благоја Маневски, 2018 година.
Мирјана Крстева Массетти е автор на 27 самостојни изложби од кои ги издвојуваме претставувањата во Париз и Њујорк. Исто така забележани повеќе од 90 групни претставувања во земјата и странство.
Награди
Втора награда на конкурс ,,Бах и современоста,, циклус литографии, Благоевград, Бугарија
-Посебна награда, ОСТЕН, Светска галерија на цртеж, Биенале на наградени автори, 2013 Скопје
- Награда на КИЦ за ,,Мал формат, на изложбата на ДЛУМ, фондација Мазев
Остенов уметник на годината- 2015
Остенов уметник на годината- 2013
На патот кон катарзата... Визуелниот импакт, Немезис, безброј холограмски допири, ужасот, слобода, ти, Апсолутот, време, Бог, љубов, тихувања, неименливото... Копнеж.
Катарзична исповед преку форма и текстура, е моето патување низ необјатните станици на Универзумот. Истражување на толкувачки секвенци, не за објаснување на стварноста, туку обид да креирам една.
Трагајќи по вистината, барајќи одговори на сеуште непоставени прашања преку интуитивна експресивност создавам апартен свет, свет од другата страна на огледалото. Трансмутацијата на самосвеста ја доживувам како суптилна интерпретација на мојата реалност преку ликовното. Модусот на осуштествување на ова истражување е енигматична игра. Делата се отелотворени преку синхрон на повеќе ликовни елементи.
Тематски, персоналната пурификација, катарзата е третирана од религиски и од аспект на психоанализа.
Светата тајна исповед како чин на духовно спартанство кое води кон мистично растење е името на секое дело на дводимензионала површина застапено во овој циклус. Христијанските симболи евидентни во сликите наративно откриваат миг од размислите за сакралното. Тие немо сведочат за патот кон блаженото тихување, за оној пат кон хипнотизирачката светлина. Исповедта е крик, а не шепот, бег во минатото за да ја сфатам сегашноста и да ја живеам иднината. Сопствената драма полна со противречности претопена во форма, текстура и пигмент загатливо, но искрено рефлектира за битката сам со себе, кон катарзата.
М-р Мирјана Крстева Массетти