По повод првиот есенски ден, на 19 септември 2025 година (петок), учениците и наставниците од ООУ „Крсте Мисирков“ – Гевгелија ќе реализираат традиционална есенска прошетка до комплексот Негорски бањи.
Распоред и организација
👦👧 Учениците од I, II и III одделение ќе одат со организиран превоз од училиштето до комплексот, по следниот редослед:
III одделение – 08:00 часот
II одделение – 08:20 часот
I одделение – 08:45 часот
🚶♂️🚶♀️ Учениците од IV до IX одделение ќе тргнат пешачки од училиштето во 08:00 часот.
🚌 Учениците од I, II и III одделение од ПУ Моин ќе имаат обезбеден директен превоз во 08:00 часот.
Алтернативна организација
Доколку временските услови не дозволат прошетката да се реализира, активноста ќе биде одложена за некој друг ден, а наставата ќе се одвива според редовниот распоред.
Заедништво и дружење
Со оваа активност, училиштето ги поврзува учениците од сите одделенија во духот на заедништво, дружење и почит кон природата, овозможувајќи им на најмладите да уживаат во убавините на есента.
👨👩👧👦 На сите ученици, наставници и родители им посакуваме пријатен ден исполнет со радост и дружење!