Со користење на веб-страницата Gevgelija.biz, се смета дека ги прифаќате овие услови за користење.
За регистрација е потребно да внесете корисничко име, име и презиме, адреса за достава, е-пошта и телефонски број (опционално). Сите податоци мора да бидат точни.
Gevgelija.biz не сноси одговорност за каква било индиректна или директна штета настаната при користење на веб-страницата, вклучително и поради недостапност или грешки во работата.
Содржината и услугите на страницата може да се менуваат без претходна најава. Купувачот има право да ја откаже нарачката пред испраќање, а во случај на враќање – важат условите наведени во политиката за испорака.
Сите содржини објавени од страна на Gevgelija.biz (вклучително текстови, фотографии, опис на фирми и производи) се интелектуална сопственост на платформата и не смеат да се користат, копираат или реобјавуваат без претходна писмена согласност од администраторите.