Во чест на пророкот на љубовта Божја – Свети Серафим Саровски, на 14-ти јануари (среда), во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија, ќе се одржи празнична вечерна богослужба исполнета со молитва и духовна радост.
Почетокот на богослужбата е закажан за 16:30 часот, а во нејзини рамки ќе се служи акатист кон Свети Серафим Саровски. Верниците ќе имаат можност за поклонение пред честицата од покривката на неговите мошти, како и помазание со елеј од Дивеево, место поврзано со неговиот духовен подвиг.
Настанот е организиран како заедничка молитва за здравје, спасение и духовна крепост, а црковниот одбор упатува покана до сите верници и граѓани да присуствуваат и да земат учество во ова духовно соборување.
По завршувањето на богослужбата ќе се изврши благословување на 22 кумски колачи, пријавени за 2026 година.
Овој молитвен собир претставува значаен духовен настан за верниците во Гевгелија и пошироко, посветен на еден од најпочитуваните светители на Православната црква.
