ЈОУ Пионерски дом Гевгелија, во соработка со Драмското студио „Дон Кихот“, ја најавува театарската претстава „Печалбари“ од Антон Панов – силно драмско дело што ја обработува темата на печалбарството, вечната македонска приказна за заминувањето, жртвата и болката од разделбата со домот и најблиските.
Режијата е на Катица Џишева Дупарова, а музичката обработка ја потпишува Влатко Сапламаев, со вокални изведби на народни песни од самите актери.
Во претставата настапуваат: Каме Ќаев, Боркица Мурџева, Светлана Стојковиќ, Силвестер Проле, Ангелина Петровска, Влатко Сапламаев, Мартин Костадинов, Костадин Узунов, Вероника Дојранлиева, Јована Дупарова, Розета Миовска, Катерина Јовановска, Илија Пандев, Матеј Велков, Душко Димитров и Никола Јанковски.
Сценографијата е на Гордана Николовска Петрова.
Претставата ќе се одржи во среда, 18.03.2026 година, во Народен театар Гевгелија.