На 07 април (вторник) со почеток од 19:30 часот, во Големата сала на Народен театар – Гевгелија, ќе се прикаже филмот „Железната тврдина“.
🎟️ Цена на билет: 150 денари
📍 Билетите се веќе во продажба во Народниот театар
Станува збор за уникатен филм кој ја комбинира документарната форма со елементи на фикција, носејќи емотивна и инспиративна приказна за луѓето и нивните судбини.
Приказната го следи американскиот режисер Кевин Китон, кој по пандемијата пристигнува во Демир Хисар со мисија да одржи работилница „Филм како терапија“ за пациенти во психијатриска болница.
Она што започнува како обична работилница, прераснува во длабока и трогателна приказна за креативноста, достоинството и човечката сила, кулминирајќи со настанот познат како „Демир Хисарски Оскари“.
🎬 Филмот поставува прашања за границата помеѓу реалноста и фикцијата, истовремено отворајќи важна тема за менталното здравје.
Во филмот настапуваат:
Пол Гордон, Синоличка Трпкова, Игор Џамбазов и Васко Тодоров.
