На 18 јуни 2025 година (среда), со почеток во 20:00 часот, во уникатниот амбиент на железничкиот перон во Гевгелија ќе се одржи изложбата на фотографии насловена „Црквите и манастирите во Гевгелиско“.

Овој настан се реализира во организација на Етнокореолошкиот оддел при ЈОУ Дом на култура „Македонија“ – Гевгелија, како дел од културната манифестација „Гевгелија – Град на култура 2025“.

Изложбата нуди несекојдневна симбиоза на научно-истражувачка дејност и уметнички концепт, преку која на едно место се прикажуваат светите храмови од селата Конско, Ума и Серменин, заедно со традиционалните носии на народот кој живее во овие простори.

📸 Фотографиите се изработени на форекс и поставени така што симулираат патување низ времето, каде автентичниот амбиент и носиите внесуваат жива приказна за духовноста и културното наследство на Гевгелиско

Црквите и манастирите во гевгелиско
Share.
Leave A Reply

Exit mobile version