Дентал Туризам Γевгелија

Гевгелија е град во југоисточниот дел на Македонија , кој во последните две децении прерасна во атрактивна дестинација за патување и здраствен туризам.

Со високиот квалитет на стоматолошките услуги и поволните цени, Гевгелија стана препознатлив стоматолошки центар во околината и пошироко.

Денес градот брои најмноу стоматолошки ординации по жител на Балканот. Овде насекаде можете да забележите од убаво средени мали приватни ординации до големи стоматолошки поликлиники.

Сите беспрекорно организирани, неизмерно љубезни,едуцирани и стручни, најмодрено опремени користејќи ги најсовремените и најдобрите матријали ги реализираат сите интервенции во областа на општата и специјалистичката стоматологија и фацијалната естетика.

  Услуги:

  • Општа стоматологија,
  • Естетска стоматологија,
  • Детска и превентивна стоматологија,
  • Протетика,
  • Ортодонција,
  • Парадонтологија,
  • Орална,
  • Ласерска, 
  • парадонтална, Хирургија и имплантологија

Со една реченица од наједноставни зафати до вистински „уметнички“ дела.

Местоположбата, инфрастуктурите и медитеранската клима ви овозможуваат пристап до самиот град во секое време. Ова го потврдува и секојдневната посета и навраќање на голем број жители од соседните земји и пошироко. Гевгелија се наоѓа на само 100км од аеродромот Македониjа во Солун, и на 170km од аеродромот во Скопје,  што овозможува брз пристап на сите пациенти од целиот свет.

Освен стоматолошките, градот нуди различни видови на услуги од видот на рехабилицијата, негата и здравјето и многубројни рекреативни занимливости.

На само 3км од градот се наоѓа центар за рехабилитација и физикална терапија, насекаде прочуен со своите лековити, минерални и топли води.

Планината Кожуф со својот најсовремен скијачки центар е погодна за секаков вид на планинска рекреација во текот на целата година, но е отворена и за сите љубители на ловот. Долж нејзините падини се наоѓаат разни планинарски домови и излетнички локалитети, од кои најпознатиот, Смрдлива Вода го добива своето име по самиот извор на сулфурна вода.

Археолошкиот локалит Вардарски Рид сведочи за фактот дека уште од пред нашата ера, Гевгелија бил еден од главните центри на античка Македонија.

За оние пак, кои бараат нешто повеќе, неколкуте казина со сите светски стандарди, разновидните ресторанти, кафе и ноќни барови, дискотеките и другите угостителски објекти ви нудат возбудлив престој и забава. А одморот пак, од долгите ноќи може да го поминете на плажите на Дојранското Езеро, или пак на Егејското море.

Ви преостанува да не посетитe, a ние ќе се погрижиме насмевката да ви биде секојдневие.  


 

IQOS - алтернатива за возрасните пушачи развиена врз база на научни докази

IQOS - алтернатива за возрасните пушачи развиена врз база на научни докази IQOS - алтернатива за возрасните пушачи развиена врз база на научни докази

Во центарот на работењето на тутунскиот гигант Филип Морис Интернешнал (ФМИ), при создавањето на својата иновативна тутунска алтернатива IQOS, стои токму науката.

Овие уреди, достапни на македонскиот пазар, претставуваат софистицирани уреди наменети за загревање на тутунот. Уредите за прв пат се појавија на пазарите во Италија и Јапонија, уште пред 10 години. Подоцна постепено се воведуваа на останатите пазари ширум светот.

По неколку серии од иновативниот систем за загревање на тутунот, Филип Морис Интернешнал продолжи да го шири портфолиото на производи без чад, со цел да понуди уште понапредни решенија, кои го следат развојот на технологијата и ги решаваат проблемите и потребите на возрасните пушачи. IQOS ILUMA е технолошки најнапредната генерација нов водечки производ во портфолиото на научно засновани производи без чад.

Најзначајната разлика е тоа што оваа нова генерација уреди користи технологија на индукциско загревање и не содржи сечило како уредите од претходните генерации.

За сите производи без чад, на компанијата Филип Морис, заедничко е тоа што не создаваат чад од тутун, туку аеросол кој содржи 95 отсто помалку штетни материи.

Благодарение на иновативната технологија, нема остатоци од тутун. Токму затоа се лесни за одржување и нема потреба од нивно чистење, што овозможува севкупно подобро и почисто корисничко искуство. Покрај тоа, нема согорување, нема пепел, нема катран, ниту тутунски чад.

На глобално ниво, производите без чад на ФМИ се продаваат на 84 пазари. Денес, повеќе од 28,6 милиони возрасни пушачи ширум светот се корисници на IQOS, од кои 73% целосно се откажале од пушењето. ФМИ има ангажирано повеќе од 1.180 научници, инженери, техничари и помошен персонал, секој од нив работи во различни, сложени области и има инвестирано над 12,5 милијарди американски долари во истражување, развој на производи и научна поткрепеност на производите без чад на компанијата.

 

Повеќе за технологијата зад IQOS можете да дознаете на: PMI Science | Philip Morris International.

П
Р Објава

Read 1574 times

Last modified on Вторник, 25/06/2024

Era cosmetics by Elena Risteska

Era cosmetics by Elena Risteska

Go to top