"Ирационални бранови" - Изложба на мултимедијалниот уметник м-р Перо Кованцалиев
Петок 20.12.2019 во галерискиот простор при културниот центар Пионерски дом во Гевгелија, ликовниот уметникот м-р Перо Кованцалиев ќе го претстави своето ново истражување во скулптурата односно кинетичката уметност.
Творештвото на Кованцалиев е разнообразно, неговиот интерес за визуелните уметности од сите области е лесно видлив во неговите дела. Почнувајќи од старите занаети и конвенционалните материјали, техники и технологии во скулптурата во нејзината цврста физичка состојба. Па се до растегливите и непостојани материјали со своите променливи форми во просторот зборува за универзалниот аспект на површината и нејзиното треперење. Делата собрани под насловот „Ирационални движења„ претставуваат „мобилни стимулатори„ кој ја брануваат површината со бавни повторувачки движења во обид да симулираат одредени природни бранувања. Иронично опевање на технократскиот симбол во конзумирачкото општество. Соочување со отсекогаш присутниот идол за надминување на човечката немоќ кој се наметна во сите сфери на секојдневното делување.
Last modified on Среда, 18/12/2019