Самостојна изложба на Мирјана Крстева Массетти

Самостојна изложба на Мирјана Крстева Массетти

Во организација на Дом на култура ,,Македонија" - Гевгелија денес 5ти ноември ќе се отвори самостојна изложба на м-р по уметности Мирјана Крстева Массетти насловена ,,Катарзична исповед" во уметничка галерија Амам - Гевгелија со почеток од 19:00 часот.


М-р Мирјана Крстева Массетти,

Е родена 1979 година во Скопје. Дипломирала на Академијата за ликовна уметност во Благоевград, Бугарија, во класата на проф. Борислав Стоев, 2001 година. Основач и член на Мултимедиа Центар од Гевгелија и член на Друштвото на ликовни уметници на Гевгелија. Член е на ДЛУБ од 2014 година и член е на ДЛУМ од 2010 година. Mагистерски студии на ФЛУ- сликарство, во класата на проф. Благоја Маневски, 2018 година.
Мирјана Крстева Массетти е автор на 27 самостојни изложби од кои ги издвојуваме претставувањата во Париз и Њујорк. Исто така забележани повеќе од 90 групни претставувања во земјата и странство.


Награди
Втора награда на конкурс ,,Бах и современоста,, циклус литографии, Благоевград, Бугарија

-Посебна награда, ОСТЕН, Светска галерија на цртеж, Биенале на наградени автори, 2013 Скопје
- Награда на КИЦ за ,,Мал формат, на изложбата на ДЛУМ, фондација Мазев
Остенов уметник на годината- 2015
Остенов уметник на годината- 2013

 

На патот кон катарзата... Визуелниот импакт, Немезис, безброј холограмски допири, ужасот, слобода, ти, Апсолутот, време, Бог, љубов, тихувања, неименливото... Копнеж.
Катарзична исповед преку форма и текстура, е моето патување низ необјатните станици на Универзумот. Истражување на толкувачки секвенци, не за објаснување на стварноста, туку обид да креирам една.
Трагајќи по вистината, барајќи одговори на сеуште непоставени прашања преку интуитивна експресивност создавам апартен свет, свет од другата страна на огледалото. Трансмутацијата на самосвеста ја доживувам како суптилна интерпретација на мојата реалност преку ликовното. Модусот на осуштествување на ова истражување е енигматична игра. Делата се отелотворени преку синхрон на повеќе ликовни елементи.
Тематски, персоналната пурификација, катарзата е третирана од религиски и од аспект на психоанализа.
Светата тајна исповед како чин на духовно спартанство кое води кон мистично растење е името на секое дело на дводимензионала површина застапено во овој циклус. Христијанските симболи евидентни во сликите наративно откриваат миг од размислите за сакралното. Тие немо сведочат за патот кон блаженото тихување, за оној пат кон хипнотизирачката светлина. Исповедта е крик, а не шепот, бег во минатото за да ја сфатам сегашноста и да ја живеам иднината. Сопствената драма полна со противречности претопена во форма, текстура и пигмент загатливо, но искрено рефлектира за битката сам со себе, кон катарзата.

М-р Мирјана Крстева Массетти

Read 5638 times

Last modified on Вторник, 05/11/2019

Era cosmetics by Elena Risteska

Era cosmetics by Elena Risteska

Go to top