Утре, 20 март, во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија ќе се одржи 4-ти Акатист кон Пресвета Богородица со петолебие, со почеток во 17:00 часот.
Станува збор за молитвено богослужение што се одржува во периодот на Великиот пост, кога верниците се собираат на заедничка молитва, духовна подготовка и смирение.
Според најавата, верниците кои сакаат да земат учество во богослужбата можат да донесат:
-
5 лепчиња
-
црно вино
-
зејтин
-
неварена пченица
-
имиња на членовите од семејството за здравје и спасение
Акатистот кон Пресвета Богородица е една од најпосетените и најдлабоко доживеани богослужби во овој период, а присуството на верниците е сведоштво за живата вера и духовната традиција во Гевгелија.
Од храмот е упатена покана до сите верници да земат молитвено учество во ова богослужение.
„Радувај се Невесто Неневесна!“
