Гевгелија, 1 септември 2025 — Од денес сите ученици од второ одделение на територијата на општина Гевгелија добиваат едногодишно бесплатно членство во ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“, со обезбеден пристап до лектирите.
Важи за ученици од:
ООУ „Владо Кантарџиев“ – Гевгелија
ООУ „Крсте Мисирков“ – Гевгелија
ООУ „Ристо Шуклев“ – Негорци
ООУ „Климент Охридски“ – Миравци
Како? Посетете ја библиотеката со ученикот и пријавете се на лице место.
Зошто? Читањето ја гради концентрацијата, речникот и љубовта кон книгата.
Добредојдовте во светот на книгите — од денес! 📚