Атлетскиот клуб „7ми Ноември“ од Гевгелија продолжува да ги шири границите на своето спортско влијание со активно учество на трката Зегин Спектратон 2025, која се одржа во Скопје.
Настанот, спонзориран од фармацевтската компанија Зегин, оваа година се одржа по втор пат, привлекувајќи бројни рекреативци и професионални тркачи од целата држава

На избор беа две трки:
🏃♂️ 5 километри
🏃♂️ 10 километри
📋 Резултати на АК „7ми Ноември“:
5 километри:
– Крстевски Илиоски Борче – 28:22
– Котев Ристо – 44:23
10 километри:
– Темелковски Благојче – 48:45
– Иванов Зоран – 49:24
Особена гордост на клубот е настапот на Ана Бегова, која на детската трка од 300 метри освои трето место, покажувајќи дека клубот расте со силни и талентирани млади членови.
Настанот помина во спортски дух и прекрасна атмосфера, а клубот уште еднаш потврди дека Гевгелија има свои претставници кои достојно ја претставуваат низ целата држава.