Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Автор: Gevgelija.biz
Gevgelija.biz – информативен и деловен портал за Гевгелија. Поврзуваме луѓе, настани и идеи. 📩 info@gevgelija.biz
Gevgelija.biz во соработка со La Martina Parfimerija организира наградна игра во која еден среќен добитник ќе освои луксузен сет од Pepe Jeans London парфеми.Овој сет комбинира впечатлив дизајн и современ мирис, инспириран од урбаниот стил и елеганцијата. Идеален е како подарок или како додаток на сопствениот стил.📌 Како да учествуваш?Учеството е многу едноставно:✔ Следи ја страницата Gevgelija.biz✔ Лајкни ја giveaway објавата✔ Тагирај личност во коментарНаградната игра е објавена и на Instagram и на Facebook – можеш да учествуваш преку платформата што најмногу ја користиш.👉 Пронајди ја giveaway објавата тука:🔗 Gevggelija.biz Instagram🔗 Gevgelija.biz Facebook Добитникот ќе биде избран по случаен избор и…
Во Гевгелија, каде што сè почесто престојуваат гости кои остануваат повеќе денови или недели, најважни се три работи: удобност, сигурна организација и лесна мобилност.Emi Center Apartments & Rent a Car е концепт што ги обединува токму овие потреби – современи апартмани за пријатен престој и rent-a-car услуга на располагање, на истата локација.Удобно сместување со практични условиEmi Center Apartments нуди пространи и функционално уредени апартмани, прилагодени и за краток и за подолг престој. Просторот е организиран така што гостите добиваат приватност, мир и услови кои овозможуваат секојдневието да биде едноставно и комфорно.Посебна предност за гостите е сопствениот бесплатен паркинг (on-site), кој…
Утре, 19-ти јануари (понеделник), во Гевгелија ќе се одбележи големиот христијански празник Богојавление – Водици, со богослужбена и свечена програма во градските цркви.Според најавата од црковните настојателства, Светата божествена литургија ќе започне во 08:30 часот, по што ќе следува Голем богојавленски водосвет од 10:30 часот, во градските цркви.Во рамки на одбележувањето на празникот, црковните настојателства при црквата „Свети Кирил и Методиј“ и манастирот „Свети Спас“ упатуваат покана за учество на традиционалното 33-то пливање по Чесниот и Свет Крст во Гевгелија. Пливањето по Чесниот крст ќе се одржи во 12:00 часот, кај Стариот мост на реката Вардар.Од црковните настојателства информираат дека…
Во чест на пророкот на љубовта Божја – Свети Серафим Саровски, на 14-ти јануари (среда), во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија, ќе се одржи празнична вечерна богослужба исполнета со молитва и духовна радост.Почетокот на богослужбата е закажан за 16:30 часот, а во нејзини рамки ќе се служи акатист кон Свети Серафим Саровски. Верниците ќе имаат можност за поклонение пред честицата од покривката на неговите мошти, како и помазание со елеј од Дивеево, место поврзано со неговиот духовен подвиг.Настанот е организиран како заедничка молитва за здравје, спасение и духовна крепост, а црковниот одбор упатува покана до сите верници и…
По повод празникот Василица, на 13-ти јануари (вторник), во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија, ќе се одбележи превечерието на Свети Василиј Велики со свечена богослужбена програма.Во рамки на празнувањето ќе се одржи:Празнична вечерна богослужба со почеток во 16:00 часотБлагословување на празничните колачи во 16:45 часотЦрковниот одбор и свештенството ги покануваат сите верници, семејства и граѓани на Гевгелија да земат учество во заедничката молитва и да ја дочекаат Василица во духот на православната традиција, мирот и благословот.Василица е празник што симболизира нов почеток, здравје, благосостојба и духовна сила, а ваквите собири се можност за заедништво, благодарност и молитва за…
По повод големиот христијански празник Свети Никола, во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија ќе се одржат свечени богослужби и благословување на празничните лебови, на кои се поканети сите верници.📅 Распоред на богослужбите:18 декември (четврток)🕓 16:00 часот – Празнична вечерна служба🕔 16:45 часот – Благословување на празничните лебови19 декември (петок)🕖 07:00 часот – Празнична утрена служба🕣 08:30 часот – Света литургија🕤 09:45 часот – Благословување на празничните лебовиЦрквата ги повикува сите верници, славари и именденџии да земат молитвено учество и заеднички да го одбележат празникот посветен на еден од најпочитуваните светители во православието.🙏 Вечни нека ви се имињата и…
Православните верници деновиве го прославуваат големиот празник посветен на Свети Архангел Михаил и сите небесни сили, а црквата „Свети Кирил и Методиј“ – Гевгелија објави распоред на богослужбите за претстојните празнични денови.Во продолжение го пренесуваме официјалниот распоред:📅 20 ноември (четврток)• Празнична вечерна – 16:00 ч.• Благословување колачи – 16:45 ч.📅 21 ноември (петок)• Празнична утрена – 07:00 ч.• Света литургија – 08:30 ч.• Благословување колачи – 09:45 ч.Празникот на Свети Архангел Михаил секогаш е момент за духовно собирање, молитва и благодарност. Им посакуваме на сите православни семејства многу здравје, мир и благослов во домовите.Да сте живи и здрави, за многу…
Се продава комплетен недвижен имот на исклучително пристапна локација во село Удово (м.в. „Долна Мала“), веднаш до старата делница на патот Гевгелија – Демир Капија, позади бензинската пумпа „Макпетрол“. Имотот опфаќа градежно земјиште, две семејни куќи со тераси и објект во изградба – магацин (карабиња) со намена лесна индустрија, со комплетна документација достапна на увид. А/ Имотен лист бр. 1268 – КО Градец (с. Удово) Градежно изградено земјиште – КП 4010, „Долна Мала“• Вкупна површина: 939 м² Стан во семејна куќа – ПР (65 м²) + тераса 15 м², ул. „Долна Мала“ Градежно изградено земјиште – КП 4156/1, „Долна Мала“•…
Во рамки на програмата „Гевгелија – град на културата 2025“, вечерва, 12 ноември (среда), со почеток во 19:00 часот, во Народниот театар Гевгелија ќе се одржи концертот „Од класицизам до македонизам“ на квартетот „Стрингендо“.Квартетот го сочинуваат:Љубица Делева Поповска – виолинаОлгица Шундиќ – виолинаЉупка Каевиќ – виолончелоНаташа Лазаревска – обоаСо својот уникатен спој на гудачки и дувачки инструменти, „Стрингендо“ ја претставува врската помеѓу европскиот класицизам и македонската традиционална музика.Концертот вклучува изведби на класични дела и современи аранжмани инспирирани од изворната македонска песна – со обоата како водечки инструмент што внесува автентичен тон и емоција.Квартетот „Стрингендо“ активно настапува низ Македонија и во…
Во населеното место Серменин продолжуваат градежните активности на проектот за реконструкција на старото училиште и изградба на еко вело патека, што се реализира со поддршка на Интеррег VI-A Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021–2027, финансирана од Европската Унија.Во рамките на тековната фаза од работите се изведува промена на кровната конструкција и поставување на серклаж, со што се создаваат предуслови за стабилност и понатамошна адаптација на објектот. По завршувањето на оваа фаза ќе следува уредување на внатрешниот дел и фасадата, со цел старото училиште да добие целосно нов, модерен изглед.Од Општина Гевгелија информираат дека активностите…