Вечерва концерт на Ансамблот „Бојмија“ во Народниот Театар Гевгелија
Во рамките на програмата „Гевгелија – Град на културата 2025“, вечерва (11 јуни) со почеток во 20:00 часот, во Народниот Театар ќе се одржи второто издание на Годишниот концерт на Ансамблот „Бојмија“.
Посебна магија на настанот ќе внесат најмладите членови на ансамблот – детските фолклорни групи до 15 години, кои преку игра, музика и костими ќе го прикажат своето искрено восхитување кон македонската традиција.
Концертот е завршница на уште една успешна фолклорна сезона за „Бојмија“ и претставува симбол на трудот, посветеноста и љубовта кон фолклорот – вредности што ансамблот ги негува со децении.
📍 Локација: Народен Театар Гевгелија
🕗 Почеток: 20:00 часот
🎟️ Влез: Бесплатен
Ве покануваме да бидете дел од оваа незаборавна фолклорна вечер!
