Ученикот Костадин Узунов од прва година од СОУ Јосиф Јосифовски – Гевгелија, освои втора награда на Државниот натпревар по македонски јазик и литература, Скопје 2025, под менторство на професорката Бисерка Макревска.Талентираниот ученик од ова училиште на Меѓународниот литературен конкурс ” Средби под јаворите – Видое Подгорец”, на тема “Топли гнезда”, Струмица 2025, исто така ја освои втората награда под менторство на професорката Бисерка Макревска. Љубовта и знаењето кон мајчиниот јазик и литературата на Костадин Узунов вродија со успех, а неговиот, како и трудот на професорката, добија соодветни признанија.
