Факултетот за туризам и бизнис логистика и оваа година продолжува со својата традиција во промовирање на туризмот преку образование и пракса. На 30 мај 2025 година (петок), во просториите на хотел „Аполонија“ во Гевгелија, ќе се одржи шеснаесеттото издание на туристичко-гастрономската изложба, започнувајќи од 11:00 часот.
Овој настан се фокусира на алтернативни пристапи во туризмот, со посебен акцент на локалната кујна, винската култура и одржливиот развој. Настанот претставува вистинска можност за студентите, професионалците и јавноста да се поврзат и инспирираат преку вкусови, идеи и нови туристички визии.
Изложбата е отворена за сите посетители и има за цел да го приближи гастрономскиот и туристичкиот потенцијал на нашиот регион, истовремено поттикнувајќи иновативни решенија за промоција на автентични искуства.