Во рамки на промоцијата на мерките од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2025 година, Министерството за економија и труд денес, 24 јуни (вторник), организира информативен ден за граѓаните, со почеток во 13:00 часот, во малата сала на Народниот театар – Гевгелија.

📍 Настанот започнува наскоро, и е одлична можност за сите заинтересирани да се информираат директно за мерките за вработување, поддршката за самовработување и активните услуги на пазарот на трудот.

На средбата ќе присуствуваат:

  • Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески

  • Градоначалникот на Општина Гевгелија Андон Сарамандов

  • Претставници од општините, Агенцијата за вработување, Агенцијата за поддршка на претприемништвото, стопанските комори, здруженија на занаетчии и млади.

👉 Сите граѓани кои сакаат да се информираат за можностите што ги нуди државата преку Оперативниот план се поканети да присуствуваат.

📊 За 2025 година, Владата вложува рекордни 40 милиони евра во поддршка за вработување и самовработување, а веќе се поднесени над 4.500 апликации – бројка што ја рефлектира зголемената доверба и интересот на граѓаните.

Министерството за економија и труд
Share.
Leave A Reply

Exit mobile version