Во рамките на програмата „Гевгелија – град на културата 2025“, на 20 октомври (понеделник) со почеток во 19:00 часот, во галеријата „Амам“ ќе биде отворена самостојната изложба на познатиот ликовен уметник Кирил Гегоски, под наслов „Апотеоза на пределот“.
Изложбата ја организира Домот на култура „Македонија“ – Гевгелија, во соработка со Националната галерија на Македонија и Музејот на Гевгелија.
Поставката ги претставува најновите дела на Гегоски, препознатлив по својот минималистички израз и суптилна естетика. Неговиот уметнички свет го претвора пејзажот во длабока духовна визија – место каде бојата и формата стануваат симбол на тишина и размисла.
Авторот зад себе има богата меѓународна кариера и повеќе од четириесет самостојни изложби во земјата и странство, а неговите дела се дел од јавни и приватни колекции ширум светот.
📍 Изложбата ќе биде отворена од 20 октомври во Уметничката галерија „Амам“ – Гевгелија.
