Гевгелија на 16 и 17 мај 2026 година ќе биде во знакот на младинската кошарка. Кошаркарскиот клуб „Кожув“ е домаќин и организатор на завршниот турнир во М20 лигата – мажи, во рамки на „АДАСТРА“ младинските лиги, во организација на Кошаркарската федерација на Македонија.
Натпреварите ќе се одиграат во спортската сала „26. Април“ во Гевгелија, каде четири екипи ќе се борат за шампионската титула во оваа категорија: „Вардар“, „Феникс 2010“, „Водно Санс“ и домаќинот „Кожув“.
Ова е значаен спортски настан за градот, но и одлична можност гевгелиската публика да даде силна поддршка на младите кошаркари на Кожув, кои ќе настапат пред домашна публика во еден од најважните моменти од сезоната.
Распоред на натпреварите
16 мај, сабота – полуфинале
16:00 часот – Вардар – Феникс 2010
18:30 часот – Водно Санс – Кожув
17 мај, недела
16:00 часот – Натпревар за трето место
18:30 часот – Финале
Финалниот ден ќе го донесе новиот шампион во М20 лигата, а Гевгелија ќе има можност уште еднаш да покаже дека е град кој знае да застане зад спортот, младите и домашниот клуб.
КК Кожув ја повикува публиката да дојде во салата и да им даде поддршка на младите кошаркари.
Ајде Гевгелија – сите во сала!
Во младите е иднината!
