Во рамки на програмата „Гевгелија – град на културата 2025“, вечерва, 12 ноември (среда), со почеток во 19:00 часот, во Народниот театар Гевгелија ќе се одржи концертот „Од класицизам до македонизам“ на квартетот „Стрингендо“.
Квартетот го сочинуваат:
Љубица Делева Поповска – виолина
Олгица Шундиќ – виолина
Љупка Каевиќ – виолончело
Наташа Лазаревска – обоа
Со својот уникатен спој на гудачки и дувачки инструменти, „Стрингендо“ ја претставува врската помеѓу европскиот класицизам и македонската традиционална музика.
Концертот вклучува изведби на класични дела и современи аранжмани инспирирани од изворната македонска песна – со обоата како водечки инструмент што внесува автентичен тон и емоција.
Квартетот „Стрингендо“ активно настапува низ Македонија и во странство, со забележителни концерти во Рим и Њујорк, каде ја промовира македонската музичка култура на меѓународно ниво.
Настанот е во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“ – Гевгелија, како дел од програмата на Општина Гевгелија во рамки на проектот „Гевгелија – град на културата 2025“, реализирана со поддршка од Министерството за култура и туризам.
📍 Локација: Народен театар – Гевгелија
🕖 Време: 12 ноември, 19:00 часот
🎟️ Влез: Слободен