КОГА РЕНОТО МИРУВА
Шуклев и Николов во дипломатска придружба го поставуваат националното знаме каде и да стигнат означувајќи го нашето присуство во вечноста.
Нивното Renault 4 остана да го очекува тандемот во Монголија. На овие фотографии го гледаме во придружба на Бактријската двогрба дива камила (различна од припитомената) загрозен вид кој живее единствено во заштитени области на северозападна Кина и југозападна Монголија. Ова животно е чудо од издржливост на екстремни температури, може да испие 60 литри вода одеднаш и да остане без неа речиси една недела.
Бројот на овие прекрасни животни се движи околу 1400 примероци и благодарение на фотографиите обезбедни од Шуклев и Николов присуствуваме на вистинска реткост.
Коинциденцијата на реткости отвора размислувања за вечните прашања. Изумира ли навистина еден вид, еден модел, еден народ? Дали постои т.н. еволуција и што подразбираме под напредок? Новото го уништува ли старото или само го исполнува и преобразува? Го одржуваме старото и тежнееме кон нешто ново, а кога новото застарува се навраќаме на старото да почнеме одново.
https://www.gevgelija.biz/mk/355/koga-renoto-miruva#sigProId9c60a8dce0
Некогаш се патувало со камили, денес се патува со авиони и супербрзи возови, автомобили и мотори, а понекогаш и со олдтајмери. Иако се менуваат средствата и начините на кои откриваме, желбата да се патува, да се оди некаде, останува. Но, каде всушност и зошто? Да се открие вистинската цел на ова патешествие наречено живот, можеби è и единственто нешто за кое човекот треба да се прашува.
автор В. Ѓоргиев
©Gevgelija.biz Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини од оваа страница НЕ е дозволено без согласност од тимот на Gevgelija.biz
Last modified on Петок, 26/07/2019