Вечерва, четврток (12 јуни 2025 година), СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија го заокружува крајот на учебната година 2024/2025 со традиционалната манифестација „Од најдобрите за најдобрите“.
Настанот започнува во 19:30 часот во Народниот театар – Гевгелија и е дел од културната програма „Гевгелија – Град на културата 2025“. Средношколците ќе се претстават со богата културно-уметничка програма подготвена на англиски и француски јазик, под менторство на професорките Кристина Пренда, Емилија Дуганова и Мирјана Чамџиќ.
Како дел од свеченоста, директорот Александар Делиџаков ќе додели пофалници на ученици кои се истакнале со своите успеси, труд и ангажман во текот на целата учебна година, афирмирајќи го училиштето на локално и национално ниво.
Манифестацијата е посветена на учениците, професорите и родителите – како заедница која секоја година вложува во знаење, вредности и иднина.
