На првиот ден, Влатко Семенаков беше најуспешен во Мастер 1, 2 и 3, додека во Мастер 2, Дарко Прошевски го освои второто место.

 

Над 60-на натпреварувачи учествуваат викендов во Дојран на Националното триатлон првенство. Станува збор за атрактивна спортска дисциплина од пливање, возење велосипед и трчање, во организација на Триатлон федерацијата на Македонија а во соработка со Општина Дојран и поддршка на Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет. Пријавени се учесници од речиси сите триатолно клубови а поделени се во 6 групи – сениори, јуниори, кадети, мастерс и две детски .

НАЦИОНАЛНОТО ТРИАТЛОН ПРВЕНСТВО – ДОЈРАН 2025
Share.
Leave A Reply

Exit mobile version