По подолга пауза, познатата гевгелиска кант-авторка Оливера Станковска се враќа на музичката сцена со инспиративната композиција „Светлата на мојот град“, посветена на Гевгелија и нејзината убавина.

Проектот е реализиран со поддршка на Општина Гевгелија и градоначалникот Андон Сарамандов, како дел од програмата на манифестацијата „Гевгелија – Град на културата 2025“.

🎼 Автор на музиката и текстот е самата Оливера Станковска, додека аранжманот е на Ѓорги Вацев, Видеото на YouTube е објавено сo визуелна поддршка  од DISSANS DIGITAL. со кои Оливера ќе продолжи да соработува и понатаму.

🎬 За оваа композиција во есен 2025 се најавува и снимање на професионален музички видеоспот, кој ќе го прикаже духот на Гевгелија и сите нејзини значајни локации – од културно-историски споменици до природните убавини во околината.

🎬 За есен 2025 се најавува и снимање на видеоспот кој ќе ги опфати најзначајните локации од Гевгелија и околината, со цел преку музиката да се пренесе автентичниот дух на градот.

👉 Слушнете ја песната „Светлата на мојот град“ тука:

📌 Информации:

  • Изведувач: Оливера Станковска

  • Аранжман: Ѓорги Вацев

  • Видеопрезентација: објавена на YouTube со визуелена поддршка од DISSANS DIGITAL

  • Поддржано од: Општина Гевгелија

  • Настан: Гевгелија – Град на културата 2025

Share.

Gevgelija.biz – информативен и деловен портал за Гевгелија. Поврзуваме луѓе, настани и идеи. 📩 info@gevgelija.biz

Leave A Reply

Exit mobile version