Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, црквата „Свети Кирил и Методиј“ – Гевгелија го објави распоредот на богослужбите за Велики Четврток, Велики Петок и Велика Сабота, како и повик до верниците за учество во заедничка молитва.
Верниците ќе имаат можност да присуствуваат на повеќе значајни богослужби во текот на празничните денови, меѓу кои Света Василиева Литургија, Општ Маслосвет, читање на 12-те Страдални Евангелија, изнесување на Плаштаницата, Погребение Христово, како и пасхалното богослужение со „Христос Воскресна“.
Велики Четврток – 09 април
На 09 април, Велики Четврток, во утринските часови ќе се одржи:
- Света Василиева Литургија во 07:30 часот
- Општ Маслосвет (молитви за здравје) во 10:00 часот
За Маслосветот, од црквата ги повикуваат верниците да донесат:
- 1 литар масло
- 1 килограм брашно
- список со имињата на членовите од семејството од живите, за кои ќе се упатуваат молитви за здравје
Во вечерните часови, на Велики Четврток, ќе се одржи:
- Читање на 12-те Страдални Евангелија во 18:00 часот
Велики Петок – 10 април
На 10 април, Велики Петок, програмата продолжува со:
- Царски часови, вечерна и изнесување на Плаштаницата во 10:00 часот
- Поклонување под Плаштаницата во текот на целиот ден
- Утрена богослужба со статии на Оплакувањето Христово во 18:00 часот
- Погребение Христово во 18:00 часот
Овој ден е еден од најзначајните и најтрогателни денови во православната традиција, а верниците ќе можат во текот на целиот ден молитвено да се поклонат под Плаштаницата.
Велика Сабота – 11 април
На 11 април, Велика Сабота, во утринските часови ќе се служи:
- Света Василиева Литургија во 07:30 часот
Во вечерните часови следува празничното пасхално богослужение:
- Дојдете, примете светлина во 23:30 часот
- Христос Воскресна во 00:00 часот
- Света Златоустова Литургија во 00:45 часот
Со ова богослужение верниците заеднички ќе го дочекаат Христовото Воскресение, со поздравот:
Христос Воскресе – Навистина Воскресе!
Повик до верниците
Од црквата „Свети Кирил и Методиј“ – Гевгелија ги повикуваат сите верници да присуствуваат на богослужбите и соборно да се помолат за здравје, спасение, мир и благослов во своите домови и семејства.
