На 12 јуни 2025 година, СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија го одбележа крајот на учебната 2024/2025 година со завршната манифестација „Од најдобрите за најдобрите “ на која присутните имаа можност да слушнат за успесите на училиштето во рамки на учебната 2024/2025 година.
Во Народниот театар – Гевгелија, со културна-уметничка програма под раководство на менторите: Кире Арнаудов, Кристина Пренда, Емилија Дуганова, Мирјана Чамџиќ и Тони Аврамов беше означено завршувањето на учебната 2024/2025 година.
Традиционално, на учениците кои постигнале значајни успеси и го афирмирале Училиштето, директорот Александар Делиџаков им врачи пофалници. За првпат оваа година на оваа манифестација беше прогласен и ученикот на генерацијата – Ивана Грујиќ, која во изминатите четири години беше успешна во повеќе области вклучувајќи и давајќи значаен придонес како во наставните така и во воннаставните активности.
