Православните верници деновиве го прославуваат големиот празник посветен на Свети Архангел Михаил и сите небесни сили, а црквата „Свети Кирил и Методиј“ – Гевгелија објави распоред на богослужбите за претстојните празнични денови.
Во продолжение го пренесуваме официјалниот распоред:
📅 20 ноември (четврток)
• Празнична вечерна – 16:00 ч.
• Благословување колачи – 16:45 ч.
📅 21 ноември (петок)
• Празнична утрена – 07:00 ч.
• Света литургија – 08:30 ч.
• Благословување колачи – 09:45 ч.
Празникот на Свети Архангел Михаил секогаш е момент за духовно собирање, молитва и благодарност. Им посакуваме на сите православни семејства многу здравје, мир и благослов во домовите.
Да сте живи и здрави, за многу години!