По повод големиот христијански празник Свети Никола, во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија ќе се одржат свечени богослужби и благословување на празничните лебови, на кои се поканети сите верници.
📅 Распоред на богослужбите:
18 декември (четврток)
🕓 16:00 часот – Празнична вечерна служба
🕔 16:45 часот – Благословување на празничните лебови
19 декември (петок)
🕖 07:00 часот – Празнична утрена служба
🕣 08:30 часот – Света литургија
🕤 09:45 часот – Благословување на празничните лебови
Црквата ги повикува сите верници, славари и именденџии да земат молитвено учество и заеднички да го одбележат празникот посветен на еден од најпочитуваните светители во православието.
🙏 Вечни нека ви се имињата и славите!
