По подолга пауза, познатата гевгелиска кант-авторка Оливера Станковска се враќа на музичката сцена со инспиративната композиција „Светлата на мојот град“, посветена на Гевгелија и нејзината убавина.
Проектот е реализиран со поддршка на Општина Гевгелија и градоначалникот Андон Сарамандов, како дел од програмата на манифестацијата „Гевгелија – Град на културата 2025“.
🎼 Автор на музиката и текстот е самата Оливера Станковска, додека аранжманот е на Ѓорги Вацев, Видеото на YouTube е објавено сo визуелна поддршка од DISSANS DIGITAL. со кои Оливера ќе продолжи да соработува и понатаму.
🎬 За оваа композиција во есен 2025 се најавува и снимање на професионален музички видеоспот, кој ќе го прикаже духот на Гевгелија и сите нејзини значајни локации – од културно-историски споменици до природните убавини во околината.
🎬 За есен 2025 се најавува и снимање на видеоспот кој ќе ги опфати најзначајните локации од Гевгелија и околината, со цел преку музиката да се пренесе автентичниот дух на градот.
👉 Слушнете ја песната „Светлата на мојот град“ тука:
📌 Информации:
Изведувач: Оливера Станковска
Аранжман: Ѓорги Вацев
Видеопрезентација: објавена на YouTube со визуелена поддршка од DISSANS DIGITAL
Поддржано од: Општина Гевгелија
Настан: Гевгелија – Град на културата 2025