МОТО КАМП ЈУГО е единственото место во градот и пошироко кое ги исполнува сите услови за преноќевање и одмор од вашето on the road патување со мотор и кампер.
Местото располага со 20-30 места за вашите шатори и паркинг место за моторот или камперот, летна кујна, надворешен тоалет и туш, место за јадење, базен на отворено и голем парк со овошни дрвца и зеленчукова градина кои се на располаѓање на гостите.
За оние кои сакаат поголема интимност кампот има и два апартмани за четворица секој со посебен тоалет. Нуди свежа храна и пијалок од локално производство за оние кои сакаат да приготвуваат на отворено.
Местото е целосно изградено од рацете на сопственикот кој е почесен член на мото друштвото „Ретки Птици“ од Гевгелија и кој со радост ги споделува своите искуства од животот поминат на мотор.
Мотокампот се наоѓа на патот Гевгелија-Негорци во непосредна близина на бензински станици, механички работилници, маркети за храна како и разни рекреативни центри. Во близина е и мотокрос патеката „Милци“ како и разни off road патеки движат низ дивите пејсажи на Кожуф планина. Тука е и автопатот кој ве поврзува со Грција како и националниот пат до Бугарија. Наменет за секој со слободен дух мотокампот претставува идеално место за едно незаборавно доживување под отворено небо.