Автор: TV NOVA12

Во салата на Народниот театар- Гевгелија настапи градскиот мешан хор „Вардар“, под диригентската палка на Јасмина Ѓорѓеска Каро, Публиката во Гевгелија имаше можност да ужива во дел од богатиот и разновиден репертоар на хорот што опфаќа хорски композиции од различни музички жанрови, периоди и композитори. Хорот постои 25 години и има добиено повеќе признанија и награди во Македонија и надвор од неа. Формиран е на иницијатива на сениорите од Академскиот хор „Мирче Ацев“ заедно со маестро Драган Шуплевски. Името е земено од најстариот хор кој бил формиран во Скопје во 1907 година. Она што е интересно за гевгелиската публика е податокот дека…

Read More

Во хотел „Аполонија“ се одржа концертот „Гевгелиски музички таленти“. Публиката имаше можност да ги слушне младите музичари, поранешни ученици во ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, и кои денес продолжуваат да се усовршуваат во средни музички училишта и факултети ширум земјата. Настапот го отвори Викторија Каракабакова, која со својата виолина ги донесе „Сарабанда“ од Јохан Себастијан Бах и „Пициката полка“ од Лео Делиб.Сања Миленковиќ, на пијано ја пренесе длабочината и комплексноста на „Прелудиум во d-moll“ од Сергеј Рахмањинов, како и виртуозните линии од „Етида опус 25 број 5“ на Фредерик Шопен. Виолинистката Емилија Николoвска настапи со првиот став од Концертот за виолина од…

Read More

17. фестивал БОШ, во организација на Здружението на граѓани „АРТ ЕКВИЛИБРИУМ“ од Гевгелија, ќе се одржи на 29 и 30 август ( петок и сабота) 2025 година како дел одпрограмата на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“. Изложби, инсталации, филмови, промоција на роман, работилница за деца, видеопроекции, концерти и други содржини ќе бидат дел од програмата на овогодинешниот БОШ фестивал. Дводневната програма ќе се одвива во и пред Народниот театар, стариот Градски пазар и кафулето „У“. БОШ скромно започна пред 17 години, во чест на прерано починатиот актер Бошко Бозаџиевски, и полека но сигурно прерасна во фестивал препознатлив на…

Read More

Во рамки на промоцијата на мерките од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2025 година, Министерството за економија и труд денес, 24 јуни (вторник), организира информативен ден за граѓаните, со почеток во 13:00 часот, во малата сала на Народниот театар – Гевгелија.📍 Настанот започнува наскоро, и е одлична можност за сите заинтересирани да се информираат директно за мерките за вработување, поддршката за самовработување и активните услуги на пазарот на трудот.На средбата ќе присуствуваат:Заменик-министерот за економија и труд Марјан РистескиГрадоначалникот на Општина Гевгелија Андон СарамандовПретставници од општините, Агенцијата за вработување, Агенцијата за поддршка на претприемништвото, стопанските комори,…

Read More

Танцово студио „Мистик“ и оваа година ја заокружува сезоната со два спектакуларни годишни концерти, од кои првиот ќе се одржи веќе вечерва (24 јуни, понеделник), а вториот утре (25 јуни, вторник) во Народниот театар – Гевгелија, со почеток во 20:00 часот.🎟️ Билетите се сè уште достапни во цвеќара „Оликат“, по цена од 200 денари – набавете ги додека не е доцна!Публиката ќе може да ужива во богата кореографска програма која ги обединува сите танцови групи на „Мистик“ – од најмалите, до возрасните – во ритамот на современ танц, хип-хоп, џез-денс и урбан сценски израз. Спектаклот ќе биде дополнет со визуелни…

Read More

На 12 јуни 2025 година, СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија го одбележа крајот на учебната 2024/2025 година со завршната манифестација „Од најдобрите за најдобрите “ на која присутните имаа можност да слушнат за успесите на училиштето во рамки на учебната 2024/2025 година. Во Народниот театар – Гевгелија, со културна-уметничка програма под раководство на менторите: Кире Арнаудов, Кристина Пренда, Емилија Дуганова, Мирјана Чамџиќ и Тони Аврамов беше означено завршувањето на учебната 2024/2025 година. Традиционално, на учениците кои постигнале значајни успеси и го афирмирале Училиштето, директорот Александар Делиџаков им врачи пофалници. За првпат оваа година на оваа манифестација беше прогласен и ученикот на генерацијата –…

Read More

На првиот ден, Влатко Семенаков беше најуспешен во Мастер 1, 2 и 3, додека во Мастер 2, Дарко Прошевски го освои второто место. Над 60-на натпреварувачи учествуваат викендов во Дојран на Националното триатлон првенство. Станува збор за атрактивна спортска дисциплина од пливање, возење велосипед и трчање, во организација на Триатлон федерацијата на Македонија а во соработка со Општина Дојран и поддршка на Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет. Пријавени се учесници од речиси сите триатолно клубови а поделени се во 6 групи – сениори, јуниори, кадети, мастерс и две детски .

Read More

Ученикот Костадин Узунов од прва година од СОУ Јосиф Јосифовски – Гевгелија, освои втора награда на Државниот натпревар по македонски јазик и литература, Скопје 2025, под менторство на професорката Бисерка Макревска.Талентираниот ученик од ова училиште на Меѓународниот литературен конкурс ” Средби под јаворите – Видое Подгорец”, на тема “Топли гнезда”, Струмица 2025, исто така ја освои втората награда под менторство на професорката Бисерка Макревска. Љубовта и знаењето кон мајчиниот јазик и литературата на Костадин Узунов вродија со успех, а неговиот, како и трудот на професорката, добија соодветни признанија. 

Read More

На Конкурсот за најдобар есеј по повод 80 години од усвојувањето на македонскиот јазик како службен јазик – 5 Мај, ученичката Тијана Атанасова од СОУ „ Јосиф Јосифовски“ ја освои првата награда.Конкурсот беше распишан од страна на Министерството за образование и наука, а темата на која беше пишуван есејот е: „Мојот македонски јазик – мој идентитет, културно наследство и аманет“ Ментор на ученичката беше професорот Александра Ќаева.Со внимание, бидејќи тоа го заслужува, прочитајте го есејот на Тијана Атанасова. Мојот македонски јазик – мој идентитет, културно наследство и аманетАз и ти, растевме заедно – јас со првите зборови, ти со вековите…

Read More

Во Општина Гевгелија ќе се воспостави нова социјална услуга – Центар за дневен престој на лица со активно стареење. Оваа заединчка иницијатива на Општина Гевгелија и ОО Црвен крст- Гевгелија е резултат на одобрената апликација на третиот Јавен повик во рамки на Проектот за развој на социјални услуги, спроведуван од Министерството за социјална политика, демографија и млади. Имено, во Клубот на пратеници, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов и секретарот на ОО Црвен крст- Гевгелија, Лазар Мешков, го потпишаа Договорот за грант заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани.Во првата фаза од реализацијата на грантот ќе…

Read More