Гевгелија слави со уметност, традиција и музика
Во рамки на манифестацијата „Гевгелија – град на културата за 2025 година“, од 27 до 30 мај ќе се одржи богата четиридневна културно-уметничка програма, посветена на празникот Спасовден – заштитникот на градот.
Програмата нуди настани за сите генерации – од етно панаѓур и духовна музика, до современи танцови перформанси, уметнички изложби и вечери со староградски песни. Во продолжение, го пренесуваме целосниот распоред на активностите.
📅 Вторник, 27 мај 2025
09:00 – 17:00 ч.
📍 ЈОУ Пионерски дом – Гевгелија
Етно панаѓур
Изложба и продажба на ракотворби, традиционални производи и културно наследство.
18:30 ч.
📍 Манастир „Св. Спас“ – Гевгелија
Академија на духовна музика
Вечер исполнета со духовни звуци и вокални изведби во чест на празникот.
📅 Среда, 28 мај 2025
19:30 ч.
📍 Градски плоштад – Гевгелија
Танц перформанс на Танцово студио „Мистик“
Современа интерпретација преку движење, музика и светло.
20:30 ч.
🎶 Концерт: Трибјут на Џанго Рајнхарт
Настапуваат:
м-р Филип Динев
м-р проф. Иван Иванов
Оливер Јосифовски
Ристо Ивановски
📅 Четврток, 29 мај 2025
12:30 ч.
📍 Сала при СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија
Промоција на видео-серии „Моја Гевгелија“
Организатор: ЗГ „Од станица до граница“ – четири видеа инспирирани од животот, луѓето и традициите во Гевгелија.
19:00 ч.
📍 Уметничка галерија „Амам“ – Гевгелија
Годишна изложба на Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија
Избрани дела од локални автори кои ја прикажуваат уметничката душа на градот.
📅 Петок, 30 мај 2025
18:00 ч.
📍 Улиците на Гевгелија
Дефиле на културно-уметнички друштва
Шарен и весел парадeн настан со народни носии, оркестри и традиционални настапи.
19:00 ч.
📍 Плато пред Народниот театар – Гевгелија
🎵 Вечер на староградски песни и музика: „Распеана чаршија“
Уживајте во романтиката на старите времиња преку музика што буди спомени.

🎭 Повик до граѓаните и посетителите
Општина Гевгелија ги поканува сите љубители на културата, традицијата и уметноста да земат активно учество во настаните и заедно да го прославиме Спасовден 2025 во духот на заедништвото и културната вредност.
Следете нè за повеќе информации и галерии од настаните на 👉 Gevgelija.biz