Во просториите на Уметничката галерија „Амам“ во Гевгелија, посетителите имаат можност да уживаат во изложбата на 26 уникатни мозаични дела, изработени со љубов, трпение и креативност од учениците од шесто до деветто одделение при основното училиште „Ристо Шуклев“ – Негорци.
Оваа изложба претставува врв на едно тримесечно творечко патување, во кое учениците работеа во мали тимови од 2 до 5 деца. Под менторство на наставничката по ликовно образование, Анамарија Митриќеска Кал’чева, тие заеднички создаваа мозаици – од самата идеја и скица, преку внимателно кршење на плочките, до финалниот допир со фугирање и полирање.

Естетика, тимска работа и емоционален раст
Наставничката Кал’чева упати благодарност до директорката и целиот наставен кадар за поддршката, како и до сите што помогнаа со донации на материјали – без кои реализацијата на ваков проект не би била можно.
Изложба отворена до 27 мај
Мозаиците се поставени во рамките на програмата „Гевгелија – град на културата 2025“ и изложбата ќе биде отворена до 27 мај 2025 година. Сите љубители на уметноста се поканети да ја посетат галеријата „Амам“ и лично да се уверaт во креативната енергија и талентот на младите уметници.
👉 Погледнете ја галеријата со сите мозаични дела и уживајте во креативноста и трудот на младите уметници од Негорци.