Старото училиште, кое со години беше запуштено, по завршувањето на проектот ќе добие целосно нов изглед. Како што истакна градоначалникот Сарамандов, објектот – обновен и современо опремен – ќе биде ставен во функција како мултифункционален простор за граѓаните, здруженијата и организациите. Очекувањата се просторот да се користи за културни, едукативни и туристички настани, со што значително ќе се збогати општествениот живот во Серменин.
Новата еко вело патека ќе започнува од старото училиште и ќе се протега до манастирот „Св. Илија“, создавајќи нови можности за рекреација и развој на руралниот туризам.
„Ова е пример како, преку обновување на нашето минато, создаваме посветла иднина за нашата заедница,“ истакна градоначалникот Сарамандов.
Проектот е финансиран од ЕУ преку Интеррег VI A Програма за прекугранична соработка помеѓу Р.Бугарија и Р.С.Македонија 2021-2027
