Атлетскиот клуб „7ми Ноември“ од Гевгелија со гордост учествуваше на хуманитарната трка „СИТЕ ЗА КОЧАНИ ‒ ТРЧАМЕ ЗАЕДНО!“, која се одржа во Струмица како дел од обележувањето на Денот на Европа.
Настанот беше организиран со цел да се подигне свеста и да се обезбеди поддршка за заедницата во Кочани, а АК 7ми Ноември уште еднаш покажа дека спортот не е само натпреварување, туку и средство за градење на солидарност, заедништво и хуманост.

Членовите на клубот со огромна посветеност, позитивна енергија и спортски дух го претставија Гевгелија во најдобро светло. Настапот беше одлична можност за поврзување со други атлетски клубови и љубители на спортот од цела Македонија.
Особена благодарност клубот упати до Babel Fish, која го обезбеди превозот до Струмица и овозможи непречено учество на овој значаен настан.
АК 7ми Ноември продолжува со својата мисија да ги мотивира младите, да го промовира здравиот живот и да биде дел од иницијативи кои ја менуваат заедницата на подобро.
📍 Следете ги и во следните спортски предизвици – тие трчаат со срце, заедно и за повисока цел.