Атлетскиот клуб „7ми Ноември“ од Гевгелија четврта година по ред зема активно учество на популарните треил трки во Кукуш (Килкис, Грција), кои привлекуваат рекреативци и професионалци од целиот регион.
Настанот понуди три различни дистанци, со различни нивоа на тежина:
20 километри со 780 метри висинска разлика
5 километри со 180 метри висинска разлика
Поради лошите временски услови и одрон на дел од патеката, организаторите мораа да ја изменат трасата од 20 километри, која беше интегрирана во кружна патека од 5 километри – при што се трчаа четири круга.

🥇 Резултати и учесници од АК „7ми Ноември“
✅ 20 километри (4×5 км кругови):
🏃♂️ Влатко Панов – 2:05:26
🏃♂️ Дарко Прошевски – 2:21:00
🏃♂️ Андон Дучков – 2:23:11
✅ 5 километри:
🥉 Анчев Тодор – 26:45 (освоено 3-то место)
Коцевски Игор – 35:42
Ковачев Никола – 34:09
Проданов Васко – 35:15
Петровски Бојан – 30:43
Петков Томче – 27:37
Чучанов Ѓорге – 44:44
Чучанов Марко – 44:41
Одличен настап за целиот тим, со особено признание за Тодор Анчев, кој го освои третото место на трката од 5 километри.
Особено внимание заслужува Томче Петков, кој со само 9 години ја истрча планинската трка во Кукуш на 4,9 километри со време од 27:40 минути. Со овој импресивен настап, тој го освои 6-то место во сениорска конкуренција – подвиг вреден восхит! 👏
АК „7ми Ноември“ уште еднаш покажа дека постојано вложува во развојот на атлетиката и активно го претставува Гевгелија на регионалните спортски настани.