Караванот за финансиско советување, во организација на НЛБ Банка, деновиве пристигна и во Гевгелија, пред експозитурата на банката, со цел да ги доближи финансиските услуги и небанкарските продукти до граѓаните.

Посетителите имаа можност да се информираат за различните понуди и да добијат професионални совети од партнерите на банката, меѓу кои и Сава Осигурување, за осигурителни производи што се достапни преку експозитурите на НЛБ.
Во пријатна атмосфера, со промотивни материјали, подароци и насмевки, граѓаните добија можност да постават прашања и да се запознаат со опциите за лична и семејна финансиска заштита.

Караванот продолжува и во другите градови низ Македонија, во партнерство со Сава Осигурување, Кроација Осигурување Живот, Сава Пензиско Друштво, Триглав Осигурување Живот и НЛБ Фондови, со цел подобра финансиска едукација и поддршка за клиентите низ целата земја.

Share.
Leave A Reply

Exit mobile version