Вкупно 19 дела на 18 ликовни уметници од Гевгелија, вечерва(29 мај 2025 година), беа изложени во Уметничката галерија „Амам“. Oдржувањето на Годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија е традиционална и е во организација на НУ Музеј- Гевгелија, по повод Спасовден, со којашто културно се прославува заштитникот на градот и манастирската слава. Годинава е и дел од програмата за манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025“.
Вечерашната изложба започна со едноминутен молк, во чест на прерано починатиот уметник и член на ДЛУГ, Сотир Хаџи – Николов.
Сотир Хаџи-Николов дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот графика. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Гевгелија, како и на центарот „Мултимедија“ во истиот град. Учествувал на симпозиуми во Македонија, Бугарија, Турција, Грузија, како и на повеќе групни изложби. Вработен во НУ Музеј Гевгелија од 2015 година.
Извор: Телевизија Нова 12
Погледнете го во прилог:
Приложен е PDF со сите дела од годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија. Уживајте во уметноста!Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.