Автор: Gevgelija.biz

Gevgelija.biz – информативен и деловен портал за Гевгелија. Поврзуваме луѓе, настани и идеи. 📩 info@gevgelija.biz

На 13ти јануари 2020 година во македонскиот културен центар во Истанбул со заедничка изложба се претставуваат Љубица Мешкова Солак и Мирјана Крстева Массетти. Изложбата е сублимат од фонични размисли на двете уметници и е насловена ,,Приказни,, или ,,Storytelling,,. Истакнатата историчарка на уметноста Исијанин во својот текст ,,Таа е алтер его,, меѓудругото ќе напише: ,, Дали треба да се раскажува приказната?… ТАА Е ЗНАКОТ архетип,, М-р Мирјана Крстева Массетти дипломирала на Академијата за ликовна уметност во Благоевград, Бугарија, во класата на проф. Борислав Стоев, 2001 година. Член е на ДЛУМ од 2010 година. Mагистерски студии на ФЛУ- сликарство, во класата на проф.…

Read More

Петок 20.12.2019 во галерискиот простор при културниот центар Пионерски дом во Гевгелија, ликовниот уметникот м-р Перо Кованцалиев ќе го претстави своето ново истражување во скулптурата односно кинетичката уметност. Творештвото на Кованцалиев е разнообразно, неговиот интерес за визуелните уметности од сите области е лесно видлив во неговите дела. Почнувајќи од старите занаети и конвенционалните материјали, техники и технологии во скулптурата во нејзината цврста физичка состојба. Па се до растегливите и непостојани материјали  со своите променливи форми во просторот зборува за  универзалниот аспект на површината и нејзиното треперење. Делата собрани под насловот „Ирационални движења„ претставуваат „мобилни стимулатори„ кој ја брануваат површината со бавни повторувачки движења…

Read More

✅ Експрес Чисто – Сервис за професионално чистење🔹 Чистотата не е луксуз – таа е основа за квалитетна услуга!Експрес Чисто е ваш доверлив партнер за комплетно чистење и одржување, со долгогодишно искуство и врвна професионалност.🧼 Нашите услуги вклучуваат:Професионално перење на теписиХемиско чистење на гарнитури, душеци, столовиДетално хемиско чистење на автомобилиЧистење на апартмани, хотели, ресторани, кафулиња и деловни просторииПерење на јоргани, кебиња, јамболии🚛 Бесплатна достава до вашиот дом или деловен простор!🗓️ Закажете термин – нашиот тим ќе се погрижи сè да блеска!📍 Локација: Моински Пат бр.100, Гевгелија📲 Контакт:072 628 000070 899 636🔗 Погледнете галерија на нашата Фејсбук страна💬 Експресно чисто, секогаш…

Read More

Освојувањето на Кинескиот Ѕид од страна на Шуклев и Николов ни докажува дека реализацијата на големи подвизи секогаш претставува еден склоп на заедничко работење.Кога една цел е благородна тогаш се надминуваат и природните и човечките препреки, а видовме дека и со радост учествуваат и помагаат и другите народи. Чудна историја оваа на Кинескиот Ѕид, граден низ вековите од повеќе династии за да спречи разни инвазии, а денес секојдневно освојуван од туристи.Човекот во своето минато и сегашност постојано гради ѕидови претежно да се заштити од напади на луѓето и природата. Речиси и не постои поголем град без своите бедеми, куќа без…

Read More

Шуклев и Николов во дипломатска придружба го поставуваат националното знаме каде и да стигнат означувајќи го нашето присуство во вечноста.Нивното Renault 4 остана да го очекува тандемот во Монголија. На овие фотографии го гледаме во придружба на Бактријската двогрба дива камила (различна од припитомената) загрозен вид кој живее единствено во заштитени области на северозападна Кина и југозападна Монголија. Ова животно е чудо од издржливост на екстремни температури, може да испие 60 литри вода одеднаш и да остане без неа речиси една недела.Бројот на овие прекрасни животни се движи околу 1400 примероци и благодарение на фотографиите обезбедни од Шуклев и Николов…

Read More

Шуклев и Николов беа очевидци на уште една случка создадена од истиот проблем на граничниот премин Еренхот на монголско-кинеската граница.Вчера попладне додека со радост ја дознававме веста дека нашите сепак ќе стигнат до Пекинг, на самиот граничен премин бил застанат конвој од 18 кампери со германско потекло. Од колегијални причини и нашата вродена љубопитност, Шуклев и Николов веднаш ги размениле своите искуства со нив и дознале дека се работи за проблем идентичен со нивниот. Тоа што правилото да се има договор со кинеска туристичка агенција и да се обезбеди личен шофер се однесува и на други земји освен нашата, оттргна…

Read More

Конечно завршница со среќен крај за Џоко Шуклев и Ѓорѓи Николов.По речиси дводневна неизвесност се изнајде најсоодветното решение во создаденава ситуација. Тие ќе летаат авионски од Улан Батор, Монголија до Пекинг, Кина.Големата подготвеност и брзата интервенција на Министерството и амбасадата во Кина нè ги оставија нашите пионери и им понудија да купат авионски карти од Улан Батор до Пекинг за тандемот, за на тој начин сепак да стигнат до Пекинг и нивната мисија да се исполни. Картите се купени од долунаведените донатори по информација од Министерството за надворешни работи. Двајцата беа контактирани синоќа и од министерот за надворешни работи Димитров кој лично се…

Read More

Непредвидената ситуација создадена врз нашите пионери Шуклев и Николов на граничниот премин Еренхот на монголско-кинеската граница доведоа до застој на нивното патување.Ниту длабочините на Бајкалското Езеро, ниту екстремните климатски услови на пустината Гоби, како ни најголемото искушение на мажот-жената, не успееја да ја запрат двојката во Renault 4, колку човечкото ограничување и неговото буквалистичко  спроведување на закони кои сè повеќе забораваат на човекот и неговата личност. Од видеото на нивната фан страна јасно се гледа огромната соработка на Шуклев и Николв со кинеските граничари, барајќи решение на „проблемот“. Тие дури предлагаат и да го остават сопственото возило и со воз да стигнат до Пекинг со што…

Read More

Повеќе од јасно е дека истоимените Шуклев и Николов стануваат синоним за патување низ светот со олдтајмери.Ако минатогодишната самоoрганизирана авантура „ Стојаково-Ница“ започна како фантазерски потфат во кој малкумина веруваа, а заврши како реален триумф, сè може да се очекува од овогодишната „Стојаково-Пекинг“. Сè нè наведува да помислиме дека ова е само почеток на една долга одисеја што секоја година ќе носи нови изненадувања. Се надеваме на тоа зашто имаме потреба од нови пионери кои создаваат волја и поттик за нешто поголемо од нашето секојдневие.Всушност, така и се чувствуваме додека преку нивната фан-страница на фејсбук индиректно учествуваме, велејќи си: „…

Read More